порта (имн.) - во (предл.)

И тоа во недела наутро. Бев таму и ја разгледав населбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За третиот и самата не знам што да речам: сум била убаво повиена и оставена пред црковните порти во Чифлик.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Маглата упаѓаше низ отворената порта во нашиот двор со огромни клопчиња, со наметки и бовчи, како натраплива Циганка што ги натура сите услуги со вражање и гледање на дланка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
15. И.А.Зиновјев во тоа време е руски дипломатски претставник при Високата порта во Цариград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А на сретсело, веќе, уште неогреано сонцето, излегле ергенчињата и машките деца и, ене ги, пред Влашкиот Ан и пред Батанџиовата порта во групи чекаат, кршат јајца.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
16. Хајнрих Каличе тогаш беше австро-унгарски амбасадор при Високата порта во Цариград.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)