последен (имн.) - патување (имн.)

При своето последно патување во Париз, купувајќи порачани и други книги за јаничарството за Татко, нему во еден музички магазин вниманието му го привлече една грамофонска плоча со композициите на Турскиот марш од Моцарт, финалето на славната IX симфонија на Бетовен, Воената симфонија број 10 од Хајден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се поздрави со Татко, посака добра работа и си замина бесшумно, Камилски го отвори средишниот таен дел на библиотеката и од него извади шише со француски коњак курвоазије, кое го донесе со шишето шампањско од своето последно патување во Париз и го чуваше скриено зад книгите за ептен ретки пригоди, каква што ја сметаше и оваа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски продолжуваше да бележи во еден голем жолт нотес, донесен од последното патување од Париз, купен во големата книжарница во Латинскиот кварт пред мостот Сена, во којшто, како што му се довери на Татко ги запишуваше главните идеи, односно les ides generales коишто му недостигале хронично на Балканот, а тие обајцата биле на пат да ги најдат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LVII Татко и Климент Камилски по херојското соочување со сите речници во потрагата по ориентализмите во балканските јазици по којзнае којпат се соочуваа со невозможната мисија да допрат до сите заемки и конечно да ја состават наумената листа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа му налеа на Татко и себеси, па, како во здравица, рече: Да ги кренеме овие чашки коњак за наше здравје и за досегашната успешна работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXI Климент Камилски го затекна Татко на чардакот среде речниците како го прелистува романот на Гистав Флобер Бувар и Пекуше, што тој му го донесе од последното патување во Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И од последното патување од Франција донесе шише француски шампањ од видот со кој некогаш на Сорбона го прослави својот докторат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Необјаснивото исчезнување на нашиот предок, патрицијот, кој на своето последно патување реши да го потопи бродот со сиот мистериозен плен и да остане на некое, за нас безимено, за него единствено острово – пречувствува дека исчезнувањата се далеку од баналните објаснувања за неминовниот крај.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Кога влеговме во авионот за Загреб ми рече: "Ова е моето последно патување за Америка".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Летајќи помеѓу двата сини бескраја, помислува дека, со оглед на годините што ги носи на своите плеќи, ова може да му е и последното патување во земјата Израел и во светиот град Ерусалим, две места кон кои е насочена молитвата во секој мојсеевски храм не само во Америка, во Њујорк, туку и низ целиот свет.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И веднаш да додадам, станува збор за впечатливо и според мое мислење најдолго патување при тие мои испитувања бидејќи Бушавиот избираше такви коридори што користеа многу непознати скали; коридори со качувања и слегувања; коридори без светла но и со блескотно осветлени премини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но до оној завршен чекор, до дефинитивниот редослед на обвинетите, до одлуката за извршување на казната. или како што велат поединци до оној извршен чин и крајна цел втасав при моето последно патување од самицата до собата на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но од сеќавањето никако да ни се избришат спомените, сликите од првото и последното патување, кога со еден стар чун, воден од еден верен татков пријател, како во Ноев ковчег ја минувавме границата, го напуштавме нашиот прв рај на детството не разбирајќи ги татковите причини за ова ненадејно заминување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
По нашето последно патување, пругата плевел фати, а вовчето исчезна во заборавот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кревки беа моите спомени за мојата турска баба кога ја видов пред педесет години, кога го мина Езерото, границата, по своето последно патување во Цариград.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кажи: ништо не знам за враќањето јазикот е последното патување од коешто никој не се вратил жив. Кажи: сѐ можеби не е јазик но се стреми да биде;
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа, поради местото што им го препушташе на Татковите кни­ги, се стеснуваше да ги земе кафеавата бунда што ѝ ја по­дари нејзиниот татко и рачната машина за месење и за се­чење резанки која ја купи при последното патување во Италија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повторно го уверуваше Татко, сите нас, дека ката­ло­гот мора да биде тука некаде, во куќата, макар што сите добро знаевме дека таа го загуби по последното патување на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Историјата на мајкиниот егзил може да се сведе на нејзиното живеење на грчко албанската граница (во родниот Лесковик), во гратчето Јанина, каде што се школувала, потоа животот на албанско-македонската (југословенската граница) во Поградец, во сливот на изворите на Охридското Езеро, патувањето во 1939 година со Татко во Италија, и потоа патувањето од Струга во Тирана во 1943 година, како и последното патување во животот, во 1974 година во сталинистичка Албанија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Последната ноќ пред првата брачна ноќ, последното патување пред првото брачно патување.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Тоа е Лугонес, кој од прозорчиња на воз ги набљудува формите што се губат и мисли дека веќе не го тишти должноста засекогаш да ги преведе во зборови, бидејќи тоа е неговото последно патување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа е, во една пуста ноќ, некој агол на Онс кадешто Маседонио Фернандез, сега мртов, и понатаму толкува дека смртта е измама.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сакам да продолжам; работиве се и премногу лични, премногу она што се за да можат да бидат и Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)