последен (имн.) - упориште (имн.)

Ова последно упориште на витализмот е станато скоро мода, и до некој степен поддржано со авторитетот на неколку еминентни филозофи, на пример John Searle (кого Rychlack го цитира со топло одобрување).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Старецот конечно го совладува сонот и мракот, кој по толкуте живописни слики што му издефилираа пред внатрешниот поглед, сега го прекрива смирувачката темна завеса која го спречува да го види натамошниот след на историските настани: римското разорување и на вториот Храм во 70-та година од новата ера, паѓањето на тврдината Бетар, последното упориште на Бар Кохба во борбата против Рим пљачкосувањето на Ерусалим, однесувањето и дефинитивното исчезнување на светата Арка на Заветот од новите, не и последните завојувачи.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во длабочината, најблизу до езерото Мала Преспа - Превалот и малите ридови на селата Медово и со посебно внимание на селото Раби, последното упориште пред влезот во Пероо, преминот меѓу двете преспански езера.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога ја напушти родната куќа во Поградец крај Охридското Езеро и ја мина границата со семејството, па се најде на другиот брег, во друга земја, со други луѓе, со друга нафака, никогаш не можел ниту да замисли дека неговата балканска скитија по достигната цел во зенитот на младешката моќ во Цариград, ќе заврши во овој град, кој османските султани по неуспешните походи по европските територии кон Рим, Венеција и Виена, го нарекоа, како можеби нивно последно упориште во Европа, Капија на Ориентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Реонот на Вичо е последното упориште и единствената надеж. Со месеци градените бункери и ровови, се чини, дека ќе ја оправдаат паролата „Непријателот на Вичо нема да помине”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)