посредник (имн.) - помеѓу (предл.)

Таа е арената на која јавноста се организира себеси, го формулира јавното мислење и ги изразува своите интереси и желби во однос на власта.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Јавната сфера игра улога на посредник помеѓу општеството и државата, во кој јавноста се организира како носител на јавното мислење.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со текот на времето Татко како да стануваше посредник помеѓу своите книги и животот преку пенџерињата на чардакот и од таа перспектива ги одмеруваше своите идни чекори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Либералната и демократската јавна сфера – каде поединците критички дебатираат за своите 92 Douglas Kellner, “Habermas, the Public Sphere, and Democracy: A Critical Intervention,” http://www.gseis.ucla.edu/faculty/ kellner/papers/habermas.htm. 82 заеднички интереси и прашањата од јавен интерес – се води првенствено од разумот и рационалната критичка дебата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во старата беговска куќа, изградена во низата други уште во османскиот период, со видливи примеси и на градската западна архитектура, внатрешниот дел, душемето, вградените сергени, скалите, плафоните беа изградени со буково дрво.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како простор на институции и практики помеѓу приватните интереси на секојдневието во граѓанското општество и областа на државната моќ, функцијата на јавната сфера е да служи како посредник помеѓу приватните интереси на поединците и барањата на општествениот и јавниот живот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)