постапка (имн.) - создава (гл.)

Меѓутоа, дури и кога се во прашање потенцијално шокантни, сензационални сижеа, Ворхол со разни постапки создава и одржува монотонија, најчесто со репетиција („Кога постојано одново гледате грозна слика, таа навистина нема никаков ефект“); потоа со дистанцирано, ладно бележење; со држење на средиштето на настанот вон објективот на камерата, т.е. со еден кастриран сензационализам (Blow job).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Андерсон скова еден успешен израз: „замислени заедници”, за да опише како националистичката литература со разни раскажувачки постапки создава една заедница на изминато и идно припадништво, пројоцирајќи ја смислата на заедничката историја и идната цел.* Во брилијантниот есеј под наслов Дисеминација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во филмот Mario banana (1964) пак, кој исто така му припаѓа на тој ран период, Марио Монтез, впечатливо нашминкан, сензуално јаде банана алудирајќи на фелацио; ова е уште една верзија на Eat, со додавање на сексуална конотација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)