постапка (имн.) - ја (зам.)

Најочигледна причина е тоа што овие постапки ја заштитуваат тајноста, приватноста на сопственото јас од туѓото наметнување (втопување, имплозија).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, во овој случај се покажа дека иако судот не донесе одлука, целата постапка ја водеше законски и правично.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Карактеристика на овој случај е што тужениот работодавач е организација која спроведува странски проект, поради што тие мислат дека имаат големо влијание во општеството и за нив законските ограничувања како воопшто да не важат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во набрзина направената кујна таа готвеше само за нејзе и Томо. Ваквата постапка ја разбеснуваше Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)