постела (имн.) - во (предл.)

А таму, на страниците од првата до дванаесеттата, мислам, се гледа, по прв пат и повторно, семоќниот небесен шир, една постела во природата и младата жена по име Ана.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Легна на постелата во малата соба Лена Липовдолска, ги прекрсти рацете на градите, ги заклопи очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од мојата постела во куќата во Маказар, се вѕирам во прозорецот, божем во неговата за нијанса посветла рамка ќе ги видам луѓето и настаните уште еднаш и ќе го стокмам светот во едно цело, ако е можно не во една повест, не во една реченица, туку во еден единствен збор.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат за една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја сместуваше својата постела во ќошкот и не можеше да најде збор за да им одговори.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во сите ќошеви крај ѕидовите миндерлаци покриени со свила и кадифе, меѓу нив столчиња исто со кадифе тапацирани, а на чело на одајата дебела мека постела во ширина од три до четири метри.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но тоа веќе ги надминувало нејзините можности и сега тој беше во постела во психијатриската единица.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Можеше да седи, или можеше да биде седнат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Напред, се клештев, кон таа постела во која ќе остане печат на една љубов - дамка крв, стопен црвен восок. Таинствено се клештев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Добрата Душичка уште неколку дена разговарала со празното, и ги прашувала дали им треба нешто и ги уверувала дека сѐ ќе биде добро оние кои приоѓале до нејзината постела во собата за умирање.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го слушавме Макс како ѝ ветува заедничка постела во соба со прозорец од кој се гледа улица по која врват луѓе (толку слично а толку различно на прозорците од кои се гледаше парк по кој чекореа пациенти и доктори), ветуваше денови во кои ќе си ги учат децата да зборуваат и да се радуваат, ветуваше колку ќе бидат блиски нивните тела и пред заспивањето и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ѝ ветуваше сосема обични нешта, толку обични, што луѓето не ни помислуваат да си ги ветат едни на други.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тој ден, по таа средба, си ги повторував зборовите на Добрата Душичка: „Сѐ ќе биде добро“, а тие бледнееја пред прашањето: Зошто страдаше таа, која никому никогаш не му беше сторила зло?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ми требаше многу време за да ја грабнам облеката, бундата и чантата; не сакав да потрошам премногу време на облекување; ако коњите побрзаат како на патот за ваму, ќе скокнам, така да се каже, од оваа постела во својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“ Вака никогаш нема да стигнам дома; мојата успешна лекарска практика е уништена; мојот наследник ме ограбува, но бескорисно, затоа што не може да ме замени; во мојата куќа беснее одвратниот коњушар; Роза е негова жртва; не сакам тоа ни да си го замислам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)