постела (имн.) - за (предл.)

Гледај, мајко, со прстиве сум ги корнела камењата, длапка да му подготвам, постела за домаќинот мој - ама до него не сум легнала... зашто морав и покров - камен врз камен да му награмадам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Едниот дел на таванот беше подреден со книги од татко му и предмети што преостанаа од лабораторијата, масиче за читање и пишување, троножно столче, сламена постела за лежење, фенерче обесено на гредата, чоколадни сликичиња на глумци закачени со патенти по гредичињата, големо огледало од подот до покривот, потпрено до еден дирек, кое најмногу и го привлече вниманието на Злата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Некои од групите одлично осмислени мерки претставуваат еден вид Прокрустова постела за префектот, кон која тој упорно ги приспособува своите намери.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)