постоење (имн.) - или (сврз.)

Климент Камилски, иако добро знаеше дека Татко пренесува мисли од книги за смислата на постоењето или непостоењето на турските заемки во балканските јазици, со кои како да сакаше да ја релативизира нивната акција, остануваше упорен на своите аргументи да ја продолжат мисијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дискусиите што ги водеа секогаш започнуваа од размена на фактографски податоци и импресии за книгите што ги прочитале и филмовите што ги гледале, за потоа да прераснат во филозофски расправи за суштинските нешта – животот, смртта, постоењето или непостоењето на Бог, релативноста на љубовта, вродената добрина или злоба на човечката природа, предодреденоста на нештата и што уште не, оти тогаш за себе веруваа дека се новите големи мислители.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Изреката на пресудата содржи одлука на судот за усвојување или одбивање на одделни барања што се однесуваат на главната работа и на споредните барања и одлука за постоењето или непостоењето на побарувањето истакнато заради пребивање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Уводот на пресудата 81 содржи: назначување дека пресудата се изрекува во име на граѓаните на РМ, назив на судот, име и презиме на претседателот и на членовите на советот, односно судијата поединец, име и презиме, живеалиште, односно престојувалиште на странките, на нивните застапници и полномошници, кратко означување на предметот на спорот, денот на заклучувањето на главната расправа, назначување на странките, на нивните застапници и полномошници кои присуствувале на таа расправа, како и денот кога е донесена пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)