почеток (имн.) - или (сврз.)

На Роса ѝ е незгодно од зборовите на Пелагија, та таа само ѝ се најде после настаните во пресноизораните бразди во нивите на кои не им се гледа крајот ако си на почетокот или не им се гледа почетокот ако си на крајот!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Она што кај мене создаваше посебен интерес како рецептор на кино изразот беа проекциите на филмовите во саботите со почеток во 11 часот. (Не можам да се сетам дали кино сигналот се еманираше пред почетокот или после завршувањето на Младинската емисијата на првата програма на Радио Скопје „Црвени каранфили“.) Таквите кино сеанси беа во надлежност на младинските организации.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И тогаш тргнав низ последниот ред и на половина пат видов нешто што отпрвин ми личеше на не многу угледно диванче од почетокот или од средината на викторијанската доба – еден покабаст и погруб Рекамjе со дебелки обратно извиткани диречести ногарки, наместо оние витите грчки што се нанадвор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа, тој особено ужива во запоставените артефакти од претходни периоди кои целосно отелотворуваат разни старински, застарени стилови.271 ‌Земете го, на пример, следниов запис со датум од 1945 година од дневникот на британскиот писател Дентон Велч, во кој бележи едно среќно откритие до кое дошол во некоја продавница на половни работи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Им се радува на секакви и на сите пројави на целосна естетска кохерентност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За неа, најзначајно беше, на почетокот или на крајот од трудовите, да се означи влогот и долгот на Партијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во што се претвора крајот тогаш: дали во нов почеток или во нова бездна што нѐ враќа пак назад и пак на исто?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)