право (имн.) - се (зам.)

Тој ја наду гајдата и викна да пее колку грло што го држи, бидејќи целата таа радост се правеше за него и тој со полно право се веселеше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше и други европски интелектуалци кои по битката кај Сталинград во која загинаа осум милиони луѓе помеѓу фашизмот и комунизмот, со право се определија за комунизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
– Ако имаме касмет да стигнеме до него, колај ќе ја разбистриме сета работа – им велеше попот на другарите -ама не верувам. Не нѐ остава тој пес кадијата; ќе нѐ расипе уште во Прилеп – со право се плашеше попот, знаејќи го свирепиот карактер на прилепскиот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Прво, одредбата според која ова право се остварува пред навршени 50 години живот, од 2007 година важи и за двата пола, 99 наспроти претходниот случај според кој жените осигуреници тоа право го имаа при возраст до 45 години, освен ако не поднеле барање тоа право да можат да го остварат и со возраст до 50 години (чл. 13, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со носењето, пак, на новиот ЗРО (2005), старата глава која гласеше „Права на работниците и нивната положба“ несмасно беше расфрлана во повеќе нови глави, кои не секогаш беа поставени на вистинското место, 16 а во доменот на положбата на вработените и нивните права се предвидоа повеќе промени, во различни области, кои соодветно ќе ги разработиме.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На тој начин, оневозможеноста работникот да остварува одредено право се трансформира од кршењето на законските одредби во постапување согласно законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како што посочи во една прилика Максим Горки – „права не се даваат, права се земаат.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Всушност, зацементирањето на губењето на одредено право се случува токму на таков начин што неуживањето на одредено право, преку усвојувањето на соодветна законска регулатива, престанува да биде кршење и станува намалување на правата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, истовремено сметаме дека и работничките права се важен сегмент од корпусот на човекови права, сегмент без кој целината е нецелосна.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Нормално одреден број на стопанственици сметаат дека одредени права се многу високи и дека треба драстично кратење.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Со право се буни Панче Василевски. Клупата е за никаде.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Ама како, како да не им студи под студениот снег!? - со право се чуди Томчо.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)