право (имн.) - врз (предл.)

Одот на тоа национално разбудување, како и резултатите до кои доведе тоа, се претставуваат приближно во овој вид: Србите и Бугарите фатија да си ги оспоруваат еден на друг правата врз Македонија: и едните и другите велат оти цела Македонија била нивна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Според неговиот резон, требаше да бидам внимателен, да не се наметнувам пред големите сили кои имаат историски влијанија и право врз малиот Тунис.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Од останатите промени на ЗПИО што се однесуваат на правата врз основа на инвалидност, ќе спомнеме уште две промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Правата врз основа на преостанатата работна способност се остваруваат без оглед на навршениот пензиски стаж (чл. 60, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна работа и 3) преквалификација или доквалификација (чл. 47, ст.1 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Правото врз основа на кое работниците можеа да купуваат акции под повластени услови се ограничи на оние работници кои имаат минимум две години работен однос во претпријатието кое се трансформира.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)