праг (имн.) - од (предл.)

— Бујрум, бег, бујрум, повелете! — ги кани Лесната на прагот од својата ниска куќичка и вика по сина си Стојана да запали борина, оти веќе и мракот падна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во разговор нѐ затече ноќта. Седевме на прагот од опожарената куќа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Раскрвавен, издрпан и прашлив стоеше Цепенко, со празни раце, без тагарецот, на самиот праг од вратата и тешко дишеше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше излез. На прагот од Атеистичкиот музеј, моите очи се упатија кон Небото...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Петре Даскалот седна на прагот од вратата. Сакаше како што подоцна сфативме, Јоле да го сети или барем да се сети на нас и на тоа каде е и што е.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сенката на гавазот навистина веќе паѓаше на прагот од вратата, а сончевиот зрак однадвор поминуваше околу него и осветлуваше жолта патечка во студената темнина на црквата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бојан ги рашири прстите и ги забуца во меката грива на кучето, Стрела чучна на прагот од колибата со спрчнати уши, насочени кон темнината и тишината на снежната зимска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Обратно „Е“ на изгазениот и извалкан снег што се смешал и со катранот под праговите од насипот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дома, под прагот од влезната врата скрив револвер и илјада летци. Предај му ги на Миле комшијата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако е сигурно дека градовите и гратчињата каде што има многу геј- народ ќе процутат во „креативната доба“, тоа нема да се должи само на тоа што новиот сталеж на „креативните“ работници се состои од „бубалици“, од откачени и од луѓе со „претерани навики и алишта“ кои гравитираат кон места со „низок праг од пречки за влез на човечки капитал“, каде што мештаните, главно, се отворени и трпеливи кон неконвенционалните луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Засадувајќи го семето на македонскиот национален идентитет, со децении навредуван, унижуван, дразнет, од туѓи слуги и послушници разни, без да го реализира на литературен план родниот македонски јазик, умира на прагот од новата македонска ера, но остава зад себе ученици, неверојатни лица, Македонската револуционерна организација цела, Крсте Петков Мисирков, како негови неверојатни дела...
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа немаше име, немаше дури ни лик; таа беше суштество од светлина кое трепереше пред моите затворени очи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога го минувавме прагот од домот во кој пред осумнаесет години го донеле оние кои го посвоиле, а бевме тргнале кон домот во кој од него се одвоила неговата мајка, Рајнер застана, ја зеде мојата рака во својата, во онаа во која го држеше парчето хартија на кое беше запишана адресата кон која требаше да одиме, и рече: „Од времето кога заврши моето детство, па до доаѓањето овде, понекогаш кога ќе ги затворев очите, здогледував бестелесно женско суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постои тој остров, тој копнеж по времето небиднина и сон, неуловлива ѕвезда во нас само ‘рти неговото семе но тој расцутува дури на прагот од бездната.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Но не би така... Нашиот учител беше излезен сам на прагот од училиштето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се наоѓаа на крстопатот на своите спомени, во балканските времиња збиднати во далечната 1917 година, кога Татко, на прагот од младоста, ја започнуваше својата долга линија во егзилот, својата отоманска и турска врска, а Мајка, во цутот на детството, ја започнуваше својата „грчка врска“, во Солун.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ви велев јас дека смрдеата ќе ја истера болеста вели Доксим Тренчески и пие ракија на прагот од меаната.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И за зарек ѝ кажав да тури војца во пајнца и во пајнцата уште три лајчиња и три жарчиња и да измие три прага од куќата со таа вода и со таа вода да му ги измие градињата на детето, и да му тури малку во устето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)