пратеник (имн.) - во (предл.)

Постои случка во која Стивен Милиган (Steven Miligan), пратеник во Парламентот на Британија, е најден мртов со кеса преку главата и со портокал во уста кој претходно бил натопен во амил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас долго време како воен пратеник во Париз ја проучував и француската парламентарна демократија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој објавува еден текст за албанските и македонските пратеници во турскиот парламент.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко со восхит го слушаше својот вујко Али Фети, човекот кој имаше кариера на воен заповедник, дипломат (воен пратеник во Париз и амбасадор во Софија, каде што на служба како воен пратеник беше и Мустафа Кемал, во десеттите години на XX век), министер за внатрешни работи на Османската Империја, но и министер за внатрешни работи на нова Турција, (подоцна и премиер откако во 1923 година ќе биде прогласена за Република Турција).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во меѓувреме Христов бил избран за пратеник во Пратеничкиот дом на Вермонт, а во 1964 година сенатор на таа држава.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По пет – шест години доби стипендија за последипломски студии во Берлин, по враќањето кратко време беше член на Советот на општината на неговото родно место, па пратеник во парламентот, за на крајот да дотурка до најсериозен кандидат за претседател на својата партија ( генералот Стојан во тоа време беше сопственик на еден супермаркет во едно мало провинциско градче и не успеа да ги собере 10 000 потписи за да му се спротивстави на изборите како независен кандидат) и ете го сега тука во истата зграда пред која што пред рамно триесет години дојде да бара демократски слободи и права...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Македонските пратеници се залагале за воведување на аграрна реформа во Македонија, за давање на обласна самоуправа и воведување на мајчин јазик во училиштата.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Со тоа автономистичката ВМРО на Тодор Александров најавила радикални промени на својата дотогашна програмска ориентација.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Била подготвена и Декларација за македонската парламентарна група која требало да ја потпишат македонските пратеници во бугарското народно собрание, избрани на листата на ВМРО.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во почетокот, НФП избрала свои членови за пратеници во Османлискиот Парламент.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Неколку дена по оваа манифестација, група грчки офицери отишла кај турскиот пратеник во Атина и, од името на 1.000 души доброволци, го замолила да му ги пренесе на султанот нивните сочувства и желби да стапат во турска служба за да ѝ помогнат на турската војска во борбата против востаниците во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Австроунгарската влада, сфаќајќи ја мошне сериозно диверзијата извршена кај Ангиста, му дала инструкции на својот пратеник во Софија грофот Форгач да ја предупреди бугарската влада дека таа ќе биде сметана за одговорна за било каква натамошна штета од ист вид нанесена врз имотот на било која австриска компанија во Македонија95.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И покрај дадените уверувања од страна на југословенските политичари и генерали дека односите меѓу Кралството Југославија и нацистичка Германија се добри и дека Кралството Југославија не е загрозено од Германија, тие не го увериле американскиот пратеник во искреноста на нивните искажувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Непосредниот механизам на државниот удар бил покренат од Англичаните, по одлука на претседателот Винстон Черчил и Антони Идн, а сите замисли биле спроведени преку британскиот пратеник во Белград, Ричард Кембел.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Никола Жутиќ, Оп. цит, 48. 33 Информацијата се однесува на формирањето „Бугарски централен акционен комитет за Македонија“, на чело со Стефан Стефанов и Васил Хаџи Кимов, во кој дојде до израз тенденцијата за формирање независна Македонија, по примерот на Независна Држава Хрватска.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во вторник, на 23 мај, 2000 година, осуммина републикански пратеници во законодавниот дом на Мичиген предложија измени и дополнувања на законот за годишниот буџет за високото образование, со кои се бараше од државата да издвои 10 насто од годишните наменски средства за Универзитетот на Мичиген и да им ги распредели на четиринаесетте други државни универзитети во Мичиген, доколку односниот универзитет има предмет „промовирање или олеснување учество во стил на сексуално живеење или сексуални практики инакви од хетеросексуалната моногамија“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тогаш, според фантастот X. Џ. Велс, првпат се споменува зборот социјализам!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во таа година Тексас се одвојува од Мексико (група јужни држави на Америка бара новата членка на Сојузот да го прифати црнечкото ропство) а Линколн, борец против ропството на црнците на југ, е пратеник во сојузната држава Илиноис.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со дополнувањето на ЗИПРМ (1994) од 2005 година се пропиша дека при утврдувањето на правото за исплата на нето платите не се земаат нето платите на избраните и именуваните лица пресметани согласно со Законот за плата и другите надоместоци на пратениците во Собранието на Република Македонија и другите избрани и именувани лица во Републиката (чл. 1, ЗДЗИПРМ/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)