прачка (имн.) - во (предл.)

Она ќе ви дава ореи, ама ако не а ризате, шо носи една шарена прачка во сандачето, леле, лелееее!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
БОЖАНА:„На работа, вели, тука, во родниот крај со овци по гора, со рало по нива, со прачка во лозје“!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Целата земја, целата бела кристална палата на Долината, сите пречисти голини на далечните сртови, исто онака, како и најситните прачки во околните дрвја, празнуваа: беше роден Денот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По протерувањето од Иберискиот полуостров во 15 век, Сефардите се населиле на територијата на тогашна Турција
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Shtraimel шубара, капа од кожув што ја носеле Ашкеназите, на јидиш Sinti малцинска етничка група слична на Ромите, прогонувани и уништувани од нацистите Sukkah колипки од прачки во кои се живеело и обедувало во текот на седумте дена на празникот Сукот Sukkot Празник на колибите, чествување на излегувањето од Египет и библиското четириесетгодишно патување на ослободеното еврејство предводено од Мојсие до Ветената земја Талмуд збирка на записи од доменот на еврејското граѓанско и религиозно право
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Rosh Hashana Нова година според еврејскиот календар Романиоти Евреите од времето на Византија или на „вториот Рим”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ако не ги затворам очите нема ни да се појави мојот Костадин, си мисли, брца со прачка во вжареното меше на ќумбето ја крева главата а тој веќе е онде каде што таа треба да легне.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Беше навистина еден на еден. Мал, мал ама техничар, Давид го плесна со каменот од прачката Голијата средчело, сѐ се заврши мигум, Давид мигум фрли поглед кон скришната ѕвезда на небото и додека сите вџашени се прашуваа до прачката ли е, до каменот ли е, до раката ли е, мрзоволно киниса накај дома, како што денешнава младеж пред полноќ мрзоволно се качува на последниот автобус за приградската населба.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ја остави прачката во долапот, како да потпевна прачка имам камен немам, па ја бакна мајка си в чело и цел ден и цела ноќ попусто чекаше да му подари солза радосница.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)