прачка (имн.) - да (сврз.)

„Не го извадил да сече леб.“ „Ни леб да сече ни прачки да делка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе ја земеше авланката за вино и ќе прашаше: „Од кое да наточам: од „јагнешкото”, од „арсланешкото” или од „свињешкото”? и ја кажуваше приказната за дедо Ное, кој, кога ја засадувал првата лоза, некои прачки ги залеал со јагнешка крв и благословил: тој што ќе пие вино од овие прачки, да пие по малку и да биде кроток како јагне; другите прачки ги полеал со арсланечка крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки, да пие троа повеќе и да биде силен како арслан; третите ги залеал со свинска крв и благословил: тој што ќе пие од овие прачки да лока како свиња и насита да нема...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Го извадил од појасот на покојниот Јаков Иконописец.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така на колено,како сува прачка да крши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)