прашање (имн.) - го (зам.)

Само едно прашање го измачуваше: како Бог го создал овој свет?
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Ќе дојде ли публика? - гледаше во мене, а прашањето го насочуваше кон себе.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тој под знак прашање го става нејзиниот основен идеал на „присутност”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Помеѓу многуте можности е и поставувањето прашања кои можат да ги доведат во преден план идните промени во развојот во нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие прашања го поттикнуваат размислувањето за идните настани во алтернативното ниво на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Одговорот на тоа прашање го знаел само еден патник - Шатев.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Она, што го бев слушнал во врска со борците кои престојувале кај нас по борбите кај Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мајка ми? - се зачуди Иван. Очигледно моето прашање го збуни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Мајка ми се чини веруваше дека тој податок нема многу да ми користи. - Кој податок – прашав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Разговорот продолжуваше во доверлива искреност, во различни варијанти, но секогаш со истата суштина! Но Арафат остануваше верен на своите мировни ветувања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За првпат успеа да го интернационализира палестинското прашање, да придобие и голем дел од американската јавност, која дотогаш ова прашање го сметаше за маргинална бегалска историја, како многу други во Америка!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знам дека не се многу пет минути - кралевачкиот може и да почека пет минути - но тие прашањето го поставуваат принципиелно...
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Наредното прашање го поставив речиси непосредно, што од моја страна можеби беше избрзување: "Добро", реков со нетрпеливост во тонот на гласот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Податоците, и за одговорот на ова прашање го потврдија фактот за нивната непрепознатливост.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)