прашање (имн.) - му (зам.)

И подоцна бројни филозофи и научници предупредувале дека музиката има штетно влијание.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Критиката се окрепила кон крајот на 19. век, “кога музиката стана нешто” и преку носачите на звукот станала достапна на најширок круг луѓе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- На прашањето му одговорив со прашање.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Инспекторите кога го прашале гостилничарот Трифо Саздов како дошол до сите овие сознанија и што му значи оној збор, дека и прашањата му биле чудни, гостилничарот одговорил дека тоа значи оти биле необични.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Заради своите штетни ефекти музиката не била добредојдена во Платоновата држава; големо значење на тоа прашање му припишувал и Аристотел во Политика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
-Си сретнал ли досега млад мудар човек, кажи ми? – со прашање му одговори старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Такви мисли, такви прашања му се роеја низ главата, а некаков непознат страв, некакво зрнце од страв го боцкаше некаде во длабочината на душата и полека се зголемуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И за цело време, целиот ден и ноќе, додека патуваат, сѐ истото и само тоа прашање му се врти в глава и постојано со изненадување и мачна вчудовиденост, го повторува и преповторува: зарем неговиот Васил, кој меѓу првите ја нарами пушката и со себе поведе и други, дезертирал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)