прашање (имн.) - во (предл.)

Најмногу страхуваше од помислата, инаку најблиску до вистината, да не бил пуштен Чанга едно време да лудува со козите во градот, да ги собере околу себе, во тој заносен марш, сите свои истомисленици, несудени припадници на козјата „работничка класа”, па еднаш засекогаш да се стави крај на козарското прашање во социјализмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Според Чанга со козјото прашање во почетокот, се занимавале во Информбирото и дека не бил заземен единствен став, ами било оставено секоја партија, негова членка, да го решава според специфичните услови во земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Значи, сепак дојдовме до некаков заклучок Лора, а овие сеанси иако на почетокот изгледаа бесмислени, чинам, разјаснија многу прашања во твојот живот - ладнокрвно одговори психијатарот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Еден ден во куќата дојде комисија од управата за еврејски прашања во градот, да види дали во куќата имаме Евреин. Татко ми беше занемен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Електронската машина „Рамак“ одговара на прашањата во врска со тоа што е најважно во секоја година, од четвртата година пред нашата ера до 1958.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По дефиниција, егото е орудие на прилагодувањето и така се враќаме на сите оние прашања во врска со кои овој привиден неутрализам извлекува погрешни претпоставки.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
На пример: име, презиме, кога си роден, каде си роден, каде живееш - и разни прашања во врска со тоа што сакаш, што нејќеш, а на крајот и разни прашања од личниот живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Првиот внатрешен лист беше изнашаран со многу цветови, срца и прашалници - со разнобојни фломастери.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Понатаму, на секој лист во првата редица беше напишано по едно прашање.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Спротивставените ставови меѓу раководителите на востанието и бугарскиот комитет “Единство” за целта на востанието резултирало со осипување и расформирање на востаничките чети.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Но, во текот на востанието се замешал и бугарскиот комитет “Единство” чија намера била, со оружена акција, да ја предизвика европската дипломатија да го реши македонското прашање во полза на Бугарија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се поставуе прашање во што е проблемот при толку „интелектуалци”, а ние сѐ уште тонеме во тињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Посебна загриженост во однос на настаните на Балканот, кои не се одвивале во корист на политиката на Велика Британија покажувал Орме Сарџент, заменик на државнит потсекретар во Министерството за надворешни работи, кој на 25 јануари во комуникација со Министерството за надворешни работи ја потенцирал “неопходноста да се опоменат Софија и Белград“, пред одржувањето на конференцијата во Јалта, за ставот на Велика Британија кон прашањата за обединување на Македонија и прашањето во однос на разговорите за југословенско-бугарска федерација.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Со цел добивање информации од прва рака за прашањето во однос на обединета и независна Македонија британскиот Ф.О. се обратил до одделот на СОЕ во Каиро и побарал извештај за состојбите во делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Лабрис и понатака останува езотерично дело кое можат да го допрат само оние кои се во кругот на Вулкански и Станковски... • Нека ова биде последно прашање во овој “политикантски блок”: што мислите за односот меѓу националното (локалното) и универзалното?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој толку си ја владееше работата, што беше слободен и да одговара на прашања во милициската станица, само да не го натераат да ја открие тајната како се прави најубавата боза во градот. - Од каде ти е ова „Малага”?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За примерено да им се пристапи на социо-политичките или социо-историските прашања во врска со литературата (Која е улогата на литера­турата?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сегашната топикалност на Бојсовсата скулптура нѐ доведува до сегашноста преку неговата идеја за социјална скулптура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Трагата, имено, никогаш не е присутна а да не се раздвојува упатувајќи на една друга сегашност, па затоа се прашуваме што е содржано во поимот да-се-биде-присутен: присутноста на присутниот?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс начна фундаментални прашања во врска со современата политичка и економска реалност: тој го изрази неговото револуционерно мислење за трудот, економијата, индивидуалноста, креативноста како социо-економска револуција, и исто така размислувања за екологијата и мултикултурализмот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс никогаш не се задржа само на коментар; тој сакаше да трансформира, додека мноштвото од уметниците денес само коментираат без никаква трансформација.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Светот како Природа и Светот како Историја, тие нивни нееднаквости и смелите обиди за предвидување се прашања во темелите на цивилизацијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А.А. продолжува со говорот: - Така е запишано во нашиот напреден Устав, а наши­те праведни закони ги регулираат сите други прашања во врска со атеизмот во земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Сакаш да речеш дека се плашиш оти може да задоцниме?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така и ја протолкував промената на темата и прашањето во врска со пристигањето на Боге од Бањи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Каков крај, подобар од овој, може да има еден уметник чии контраверзни идеи поставија основа за некои од највжештените полемики во историјата на уметноста на дваесеттиот век?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Најважното прашање во врска со Дишан е: кога работи намерно а кога не?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фотографија во позадина: Марсел Дишан Големото стакло
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Би сакал да му се заблагодарам на Кларенцо Катуљо од Палацо Граси, за стрпливото одговарање на многубројните мои прашања во врска со изложбата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Добро- зло? Нејасно се зачна ова прашање во мојата свест затоа и одговорот јасно не можеше да го исчепкам од кожурецот на мачењето.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Чувствував, според нејзиниот глас, дека не лаже; но тоа отвораше сериозни прашања во врска со моето душевно здравје: ако е така, тогаш јас сум почнал да гледам работи што се невидливи. И да слушам работи што се неизговорени.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Катедрата за англиски, Деканатот на Колеџот, службата на претседателот и службата на Здружението на поранешните студенти без поплаки се справија со стотици не баш добронамерни прашања во врска со него.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Секое прашање во врска со умот како да сака да се забрани, осомничи или цензурира со оправдување дека тоа ја шири опасноста од ирационализмот, се разбира, со политичка закана која зад тоа се насетува. okno.mk | Margina #1 [1994] 57
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Деконструкција, тоа се прашања и повеќе од прашања во врска со организацијата на подрачјата.  Моето прашање цела кон тоа, дали она што Вие го правите треба да биде изложено на легитимна критика, или Вие можете да правите што сакате?  Навистина не е можна критика на она што го правам.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во историјата на филозофијата еден филозоф никогаш не се сомничел за ирационалност, доколку тој поставал прашања во врска со умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Слабоста ме напушта, моите нозе се зацврстија на земјата – одговори старецот мудро, избегнувајќи го одговорот на прашањето во врска со бикот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога во 1902 година Орце бил во Софија, каде што со своите другари го разгледувал прашањето во врска со снабдувањето на динамит, со Делчев разговарал за влошените односи со ЦК и одделно со Иван Гарванов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И ќе ни се види дека просто мора брзо да се сторат сите важни дела од тука па до целта ниедна стапица не е трајна и никоја граница крајна и ниедна делта на која изборот не ни е познат и по кој пат да тргнеме пред да се отворат и пред да нѐ стеснат оние прашања во намера чесна кога сме на проба за некој можен престап.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од каде ни се сили во тој згустен час да кажеме добро, еве, јас сум јас и колку сум моќен и колку сум беден не зависи толку од оваа делта и од тој нејзин јаз во одскок на целта вечерниот ветер почесто ме лови во своите мрежи и вратот ми се ежи од трепети нови на мене близок глас што ги чули за нежност ушите од сите струни во шумолот на душите ја зедов оваа за најтенка и можеби за спас. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 137
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се чека ноќ во овој голем простор нѐ потпира и нѐ подигнува лостот со бело знаме на врвот сред ветерот што ги зафатил прво возбудени од напон мускулите привлечени од оваа игра под течниот пурпур во раствор на шира се движиме пред да нѐ запрат и пред да се растури сѐ.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Петмина млади пријатели одат во Тубинген со некаква светост во срцата, како да одат на поклонение, затоа што таму, во домот на столарот Ернст Цимер, живее Фридрих Хелдерлин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа исто прашање на сосема друго место го поставува некој друг човек, тоа исто прашање во некое друго време го поставува некој трет човек, тоа исто прашање на различни простори и низ разни времиња го поставуваат неброено многу луѓе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А К.Мисирков, не само како член – основач и еден од раководителите на една значајна филијала на ТМОРО во Петербург, туку и како личен учесник и набљудувач на овие настани, имаше морално право и општествена одговорност да го изнесе своето мислење за најважните прашања во тој историски момент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нашите противници велат оти сега не му било времето да се подигаат национални прашања во Македонија, кога е зборот за едно сносно постоење на сите народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но освен нив, има и политички причини што никојпат не ќе ѝ дадат на Србија да допушти да се реши македонското прашање во полза на една од балканските држави, особено во полза на Бугарија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Помачно ќе може да се реши прашањето во тие места каде што има: 1. патријаршисти Арнаути, 2. патријаршисти Власи, 3. патријаршисти Словени, 4. Словени муслимани и 5. егзархисти Словени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие го пренесоа центарот на Револуционерната организација заедно со сите национално-политички прашања во Македонија за да бидат слободни во своите постапки од бугарската влада.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Македонското прашање во рацете на бугарските дипломати и народ е ред глупости направени само на македонска сметка и наречени меѓународни победи на бугарската самостојна политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но српската пропаганда, освен илузијата за српска народност во Македонија и попречувањето да се реши македонското прашање во полза на Бугарите, има и други резултати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Со постепеното одделување на македонските интереси од бугарските, со земањето на македонското прашање во свои раце и најпосле, и најмногу со сегашново востание Организацијата како резултат го постигна тоа што не го претпоставуваше: наместо слобода да бараат, сега во Македонија мнозина се убедени дека ни треба полно пресечување на врските со сите балкански народности и култивирање на сѐ што е во Македонија оригинално и свое: јазикот, обичаите, историјата, писменоста, народната литература итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одговарање на овие прашања во случајот на човечката раса е прилично тешко, поради екстремно големата различност на човечката култура и големата разновидност на личности дури и во рамките на една култура.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Филозофот Даниел Денет на пример, убедливо тврди дека постулирањето на мозочни центри всушност значи едноставно поместување на сите оригинални прашања во врска со однесувањето на животните во еден “анималкулус” во внатрешноста на главата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Роска поставуваше прашања во низа и не чекајќи одговор од Рада продолжи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поставуваше сто прашања во минута, те од кого, а зошто и како дознале дека фрижидерот е празен, тие некои луѓе што ги купиле сите тие работи за нив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Татко и Климент Камилски постојано се доближуваа и оддалечуваа од фундаменталното прашање во нивната стратегија како да излезе Балканот од вавилонското проклетство, односно во крајна линија, како да се спаси иднината на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но секакви прашања во врска со тоа се веќе задоцнети и одговорите бесполезни.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Со овој закон се уредуваат целите и условите за отворање на стечајната постапка, органите на стечајната постапка, управувањето и располагањето со имотот што влегува во стечајната маса, намирувањето на побарувањата на доверителите во стечајната постапка, правните последици од отворањето на стечајната постапка, планот за реорганизација, личното управување, ослободувањето од другите обврски, посебните видови стечајни постапки за поединци со статус на трговец, стечајни постапки со странски елемент и други прашања во врска со стечајот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во темницата под покровчето си даваше сметка за преживеаното денеска и си поставуваше илјади прашања во врска со Крстета и нејзиниот живот со него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка, а впрочем и Татко, во нивниот полувековен заеднички живот, секогаш ги избегнуваа прашањата во нивните односи кои би можеле да внесат болка или неспо­кој кај едниот или кај другиот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но ова е прашање во кое тој би се впуштил кога би правел запис или би го раскажувал својот сопствен живот. Тоа сега не е случај.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа беше најболното прашање во неговите историски потраги во пишувањето на Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Така е запишано во вашето досие” ми го упатија првото прашање во кремљската комисија. ,,Да, товариш претседателе, добро ги познавам руските јагули, триесетина години ги проучувам, но има многу работи кои тешко се откриваат, особено кога е во прашање нивната миграција.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Почна да ги распрашува кои се и што се, но брзо му секнаа прашањата во главата па повлече некакво јаже после што во дворот се оѕва ѕвонец, чиниш потплашена коза спрснала да бега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ете, кон кафеаната „Балкан“ брзав повторувајќи си дека Раде веќе не е жив и со неразјаснетото прашање во размислите, каква ли е улогата на Роза во оваа умирачка?!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А сите знаеле дека таквото прашање во секој случај не води кон добро и дека затоа не треба така да се поставува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Создадов илјадници Бартони— снимки, способни да одговорат на секое прашање во илјадници градови на оваа планета.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Дуда додека ме потчукнуваше со десната рака левата ја префрлуваше преку бујните гради за да ја придржи торбата што ѝ висеше на нејзиното десно рамо, за да не ѝ падне. - Подобро да го потчукнуваш со левата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го слушнав и прашањето во врска со птиците.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дуда веројатно сметаше дека за да легнат туѓите прашања во моите раштимани мисли потребен е ангажман и на рацете а не само на зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но ова израмнување не треба да се помеша со условното поистоветување на тие две, уште помалку да им се даде иста тежина; предноста одлучно ја има животот: “строгите уметнички прашања во крајна линија не се важни прашања”.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Перса, трогната од судбината на Роса, се искрадна на кај кујничето, додека Пелагија мораше да одговара на детските прашања во кои имаше и такви на кои не можеше да најде одговори.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Ми то нашто магаре нема сиднато су нас да јаде, цау ден пу то стопанствиото и на та ректа! избрза Чана кога го виде прашањето во лицето на Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сега таа е и подвижна (пластични лични карти) и виртуелна (база на податоци).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Исто така, во ова сфаќање на буржоаската јавна сфера како јавност на приватни лица кои се здружуваат за да дебатираат за прашања во врска со државната власт над нив, приватната сфера (вклучувајќи го и семејството) се постулира како сфера на слободата која треба да се брани против државната доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Новите предложени лични карти ќе бидат „паметни“ (поврзани со база на податоци која е во мрежа и може да се пребарува), ќе имаат биометрика и „најверојатно ќе се користат за широк спектар на активности надвор од полициската контрола и административната функција за која во моментов се користат ваквите документи“.56 Ова отвора значајни прашања во врска со заштитата на приватноста и граѓанските слободи (на пр. слободата на движење).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Зголемената комуникација, учество и рационална критичка дебата за вредностите и нормите кога се прави реконструкција на општеството Хабермас ги смета за лек против „патологиите на животниот свет“. 102 Simone Chambers, “The Politics of Critical Theory” in The Cam- bridge Companion to Critical Theory, ed. Fred Rush (Cambridge: Cambridge University Press, 2004), 232. 103 Stiven Best Daglas Kelner, Postmoderna teorija (Skopje: Kultura, 1996), 340. 90 Хабермасовата мошне влијателна дисекција на капиталистичката модерна во процесот на нејзина транзиција од либерален капитализам кон социјална држава може да се проблематизира на повеќе основи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Вистинско прашање во право време - коефициент на интелегенција - 99,9%.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но Меклин, како искусен политичар, од разговорот со Тито сфатил дека сите прашања во однос на федерацијата биле решени меѓу Москва и Тито и дека само се подготвува јавното мислење за прифаќање на промените.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст била и анализата на разузнавачите на ОСС за македонските организации во Бугарија и за односот на бугарските партии спрема иднината на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа биле првите независни анализи на американските разузнавачи за политичките и етничко-националните прашања во Кралството Југославија и за можностите за нивните идни решенија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Изворот, исто така, известува дека на 18 ноември во Битола биле обновени барањата на грчките Македонци за вклучување во Југославија, но биле отфрени од југословенските партизани со образложение дека тоа е деликатно дипломатско прашање во кое основно е да се соработува со СССР, Велика Британија и со САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај фактот што САД интересот за Балканот ѝ го остапиле на Велика Британија, сепак, со одделувањето на своите воени мисии од британските и со настојувањето да имаат свои разузнавачи во Југославија и во федерална Македонија зборува дека САД постепено го започнале своето инволвирање во политичките работи на Балканот, иако тоа било само "срамежливо" покажување интерес за работите што се одвививале на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
САД ја поддржувале Британија во нејзиниот став за поврзување "сојузнички и непријателски земји со можност на вклучување и на Турција", но биле против некаква ексклузивна "унија или федерација" меѓу Југославија и Бугарија, "зашто тоа не би придонело за напредување кон поширокото групирање и исто така би ја изолирало Грција и би ја загрозило нејзината положба".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Заклучокот на Меклин бил дека треба да се почека и да се види дали донесеното решение за федерација подразбирало формирање балканска федерација или "само некое спојување со Бугарија во советската орбита".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната британска грижа произлегувала од стравот да не дојде до формирањето на "една голема Македонија на сметка на Грција", а тоа да излезе од контролата на Јосип Броз Тито, и покрај неговите ветувања дека "судбината" на Македонија ќе се реши на мировна конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тие две прашања во себе, според САД, го вклучувале разгледувањето на планот за создавање балканска федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ти сосема јасно одговараш на прашањето во пасусот наведен подолу, во кој е очигледно дека штом ти си повторно уверен дека Серл сигурно станал месечар, кој веќе не е во можност да ги одбие менталистичките атрибути кои што сме навикнати да ги проицираме на нашите невини компјутери (коишто не се во состојба да укажат дека нема никој дома и дека атрибутите се затоа лажни), тогаш проекциите повторно слободно протекуваат.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Затоа пазарџиите првин се спогледуваа меѓу себе, оџагрени и препалени, со големото прашање во уште поголемите очи. Кој, кој?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)