прашање (имн.) - поврзан (прид.)

Покрај тоа, со овие измени се укина можноста, прашањата поврзани со престанокот на работниот однос на работниците поради планот за реорганизација, претставниците на работниците и стечајниот управ- ник да ги решат со меѓусебно спогодување или преку комисија за усогласување на интересите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Секоја расправија и секое нарушување на мирот меѓу Американците за прашања поврзани со разликите во стариот крај, а кои се однесуваат на тие народи и кои треба самите да ги уредат, ги слабее нашите напори во полза на нашите непријатели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Најчесто по баналните прашања што толку минуциозно ми ги упатуваше, како оние на пример за редовноста на поштите, таа во следното писмо ќе ме изненадеше со фундаментално прашање поврзано со моето пишување, на кое никогаш не сум помислувал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој локален огранок бил некако успан и, главно, се занимавал со прашања поврзани со порнографијата и со вулгарноста, додека работите во свои раце не ги презел Глен.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без поразот на Хитлер нема да е можно ниедно здраво уредување за народите на Југославија ниту за кои било народи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Промените кои настанаа во врска со останатите прашања поврзани со паричниот надоместок се следните.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, синдикална организација на ниво на работодавач стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар на РМ; а сојуз на синдикати, односно здружение на работодавачите на повисоко ниво, стекнува својство на правно лице со денот на упис во Централниот регистар – по претходен упис во регистарот на синдикати, односно регистарот на здруженија 30.  Четири години подоцна, со четвртата измена на ЗРО (2005), се допрецизираа некои прашања поврзани со содржината на статутите на овие асоцијации (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09). 47 на работодавачи, кој го води МТСП (чл. 23, ЗИДЗРО/окт.09).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во врска со останатите прашања поврзани со паричниот надоместок ЗВОСН содржи уште три промени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)