прашање (имн.) - ќе (чест.)

Ако во поглед на одделни прашања за кои се одлучува се поделат гласовите на повеќе различни мислења, така што ниту едно од нив нема мнозинство, прашањата ќе се разделат и гласањето ќе се повторува сè додека не се постигне мнозинство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Членот на советот што, при гласањето за некое поранешно прашање, останал во малцинство – не може да се воздржи од гласање за прашање за кое подоцна треба да се одлучи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па, си реков, штом е Ласа во прашање ќе му се обратам!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да кажам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во таа насока, законот треба да предвидува упатувачки норми со кои ќе предвиди и ќе упати кои конкретни области и прашања ќе бидат уредени со колективен договор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Знаев дека првото прашање ќе биде какви се моите впечатоци од Македонија, бидејќи ова прашање е општо, јас претчуствував дека тоа ќе ми го поставите...
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Вработените во Нешнал ривју можеби се постојано во потрага по нов материјал, но сигурно не се толку очајни, па да имаат обичај да ја прегледуваат страницата на Универзитетот на Мичиген, ревносно исчекувајќи го точниот миг кога на полугодието Службата за студентски прашања ќе ги објави предметите што ќе се изучуваат наредниот семестар.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби прашањето ќе стане појасно во подоцнежните процеси што ги подготвува Вонредниот суд.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
“ И така - продолжува Манџуков - македонското прашање ќе може најдобро и најскоро да се реши само ако ние водечките Македонци станеме и постојано предизвикуваме безредици.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Делчев, кој секогаш се однесувал со симпатии и внимание кон гемиџиите, му ветил на Орце дека за ова прашање ќе му пише на ЦК и дека работите ќе се средат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Русија и Австро-Унгарија, со помош на другите големи сили, македонското прашање ќе го решавале преку спроведување на реформи.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во одговорот на овие прашања ќе треба да се продолжат расудувањата за народноста на Македонците од таму каде што ги оставивме.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Откако прашањето ќе биде исцрпено и по него е примено некакво решение, се испраќаат циркулари дека прашањето е исцрпено.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ако автономијата на Македонија се јави како резултат на сегашното востание, тогаш македонското прашање ќе се реши не во полза на Македонците, а во полза на Бугарите, зашто комитетот, како што видовме погоре, работи под бугарска фирма.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
На тие прашања ќе ни одговори крстувањето на човекот и значењето на неговото име за другите и за самиот него.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Палестинскиот лидер го поведе во борба својот народ во дотогаш невидени услови во секој поглед во однос на другите ослободителни движења во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На прв план, палестинското прашање ќе се најде поврзано со еврејското прашање и тоа со трагично минато во кое се мешаа политиката, историјата, религијата и многу митови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, сепак, до решавање на ова чувствително прашање ќе дојде во текот на XIX и на XX век, кога со либералните струи во Шпанија, нараснува свеста за комплексниот шпански идентитет рече Татко замислено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со ова прашање ќе се справи во студијата Неологизмите и законитостите на фонетската еволуција на албанскиот јазик во своето списание Albania.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но зошто на Балканот не дојде до можната христијанско-исламска синтеза, макар што постоеја услови за нејзино остварување?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не знаеше зошто, но ѝ се наметна претпоставката дека за ова прашање ќе се советува со своите родители. Дома.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Секако дека, едно по едно, прашањата ќе се средуваат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го праша како е со здравјето, како си помина на туѓина и којзнае уште колку прашања ќе му поставеше да не стаса кафето и да не го ѓибнеше на најосетливата жица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но само допуштете ни да се населиме на 26 десет илјади светови што се обрнуваат околу десет илјади туѓински сонца и прашањето ќе исчезне.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
На ова прашање ќе треба уште многу да се работи.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
M Што станува со дискот за Ушко? Има некои проблеми, така, и тоа прилично апсурдни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сѐ се случува во право време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не е лесно, нема да биде лесно, но одговорот на секое прашање ќе се покаже еден ден кога ќе бидеме подготвени за тоа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти го отвори твоето срце толку широко и ме зема мене засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Вистинските прашања ќе го добијат вистинскиот одговор, кога ќе се соочиме со сопствените стравови и кога ќе го кажеме тоа што срцето го криело сите овие години на искушение.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сметал дека со доаѓањето на власт на тие сили македонското прашање ќе биде решено многу брзо и дека "нема да постои македонски проблем".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На ова Влавијанос реприцирал дека "сега нема македонски проблем", но Шаренкоф одговорил дека "ако на власт се реакционерни сили, ќе го има".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На претходното прашање ќе му пријдам преку критика на редукционизмот кој е обид да се сведат законите од една наука на закони од друга како што на пример дел од хемијата може да биде објаснет преку законите на физиката. ]е почнам со преглед на еднонасочниот редукционизам, кој во нашиот случај би тврдел дека сите закони на менталниот се изводливи од законите на физичкиот мозок и дека постои основна наука, нека биде тоа неврофизиологијата, од каде може да се изведе целата псхилогија, само кога би ги направиле потребните пресметки. 84 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)