прашина (имн.) - од (предл.)

Во тие неколку ветровити недели додека прашината од улиците како знаме шеташе над покривите, низ дворчето на Перса и одајчето на Пелагија помина Чана со Дончо колку да се открие дека меѓу нив двете, меѓу Пелагија и Чана, не е ништо испречено, туку животот им ги има изместено патиштата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тие едноставно ќе беа среќни ако исчезнеа и Чанга и козите и повеќе да не се крева прашина од јужната република.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Излегоа испрашени Алајко Ошев и Мире Ирчев, ја истресоа прашината од палтињата, ги стегнаа вратоврските, со трева ги светнаа чевлите и чантите, се искашлаа длабоко, се забришаа со шамивчињата, и се погледнаа со истата сериозност со каква и тргнаа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се креваше дамна некренатата градска прашина од копитата на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ели кашлаше загушена во прашината од малтерот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)