преговори (имн.) - во (предл.)

На 8 август по долготрајни преговори во Охрид беше усвоен Рамковниот договор кој беше потпишан во Скопје на 13 август.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во септември бројот на раселените лица го достигна бројот од 120.000.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Петар Иваз ме чекаше со фасциклата во кабинетот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Дарвиш повеќепати во своите настапи во светот јасно и отворено ги искажуваше своите резерви кон Арафатовата визија на мирот, која водеше преку преговорите во Осло.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Дали жалите што не му се придруживте во Палестина по преговорите во Осло?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многумина не веруваа во неговото враќање како во чин на слободата, макар што тој на своја страна ги имаше Ицак Рабин, Шимон Перез и многумина други Евреи кои веруваа во соживотот, едни крај други со арапите?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не беше случаен фактот што јас, амбасадорот во неодамна признатата држава Палестина, дознавав од градинарот за почетокот на американско-палестинските преговори во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таква судбина одбра Абу Амар. Има птици кои се враќаат да умрат во пределот откаде првпат полетале...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Нејзините амбасадори го насетуваа скорешниот бродолом, стануваа последните протагонисти на утописката конструкција која ги покажуваше првите знаци на својата неодржливост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Можеби тоа беше причината да се оддалечите од Арафат, посебно по мировните преговори во Осло кога се наѕира вистинските контури на слободна Палестина, крај државата Израел, кога гаранти за иднината беа Ицак Рабин и Шимон Перез, мироносците Нобеловци, многу повеќе отколку другите израелски водачи...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Агенциските вести за почетокот на американско-палестинските преговори во Картагина веќе го обиколија светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинците веќе беа заминати во голем дел од Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Под притисок на своите арапски партнери, но и по критиката на преговорите во Кејмп Дејвид, Бургиба ќе ги прими во Тунис, како ново седиште наместо Каиро, Палестинската ослободителна организација на чело со Јасер Арафат, како и Арапската лига во 80-те години на минатиот век.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Каде се границите на легендата, а каде на реалноста? Јас по нив трагам во поезијата, можеби и затоа пишувам... Верувам дека тие постојат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат патуваше во светот. Го очекуваа преговорите во Осло, надежта во мировната алтернатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)