предел (имн.) - крај (предл.)

Гледаше лево десно, по познатите предели крај патот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Како исфрлени стари предмети можеа да се видат на куп децата во тој предел крај ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И не случајно, во овој чудесен предел крај реката, каде што си свивме ново гнездо, во очекување на новите историски настани, особено по Втората светска војна чиј крај се навестуваше, Татко се задлабочи во проучувањето на миграторните процеси на птиците и на јагулите запаѓајќи во нова илузија во која Мајка гледаше пориви за оддалечување од родната земја, а не враќање во неа, како што се надеваше постојано.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)