предзнак (имн.) - или (сврз.)

Пукнатинките се предзнак или на пораз, или на прослава.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се расправавме за удавената жена, за тоа дали нејзината смрт била самоубиство или убиство, дали нејзиното појавување таа ноќ било предзнак или коинциденција, а ти тврдеше дека предзнакот всушност и претставува коинциденија која нешто значи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
До крајот на летото, дури ако и не се расправавме околу жената, ја имавме стекнато навиката да се расправаме за сѐ друго. што е подобро: кучиња или мачиња, рок или Џез, Кубовите или Соксите, тако или ег-рол, лево или десно, ден или ноќ - можевме да се караме за било што.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Предзнак или привидение, се прашуваше: „Дај боже да е на арно“, зашто лошото од поодамна не ја одминуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)