престан (имн.) - во (предл.)

Понекогаш некој од брегот на лудилото престанува да гледа без престан во себе и во бездната, и како при некакво чудо се појавува на спротивниот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„А пената од водите што шевели без престан во зинатата уста на веселата далга најнежна дипла е за превезот на невестата пред олтарот што ќе зашушка како разлистена грмушка со круна од снег и превез од магла“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Студен бран без престан во лице ме маваше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓу двата брега не постои мост, а сепак некои луѓе преминуваат од едниот на другиот брег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)