пресуда (имн.) - врз (предл.)

3.  Процесноправниот институтот „конфесионална пресуда“ кај нас е регулиран во чл. 317 од ЗПП (2005), под називот пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Охрабрена од ова барање правда преку суд Б.А., заедно со уште осум нејзини колешки, се одлучуваат да покренат судска постапка пред надлежниот Основен суд Велес и да си ги бараат неисплате- ните 20 плати [од мај 1995, до декември 1996] и 55 придонеси во ФПИОМ [од јуни 1994, до декември 1998].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Поради тоа што, во меѓувреме, придонесите кон ФПИОМ беа исплатени, адвокатот го повлече овој дел од тужбеното барање – по што полномошникот на „Охис“, кој не го оспори побарувањето ниту по основ, ниту по висина, а заради економичноста и целисходноста на постапката, предложи да се донесе пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дури и претседателот на новоформираната независна синдикална организација беше избркан од работа – по што тој тужеше и, нормално, го доби спорот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во судскиот процес пред Основниот суд – Скопје II, Љ. Н. беше застапуван од полномошник- адвокат3 (Д. Аргакиев), а пак за тужениот работодавач на подготвителното рочиште4 – кое, за среќа, беше и единствено, а се одржа во септември 2010 – се јави неговиот правник (Р. Николовска).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во овој судски спор за неплатени придонеси за ПИО – судечкиот суд (преку судијката З. Шапуриќ-Хорват) – во март 2001 – донесе позитивна пресуда врз основа на признание со која го усвои тужбеното барање на Анчевски и ја задолжи фирмата АД „Алумина“, во рок од осум дена по приемот на пресудата, да изврши уплата на придонесите во ФПИОМ во износ од 179.010 МКД (2.935 ЕУР) за изминат период од 44 месеци (од април 1997 па сѐ до ноември 2000 год.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Велешкиот суд (преку судијката В. Анастасова и В.Стојановски), во септември 1999, донесе пресуда врз основа на признание, со кое го уважи тужбеното барање на тужителките, бидејќи полномошникот на тужениот (Р.Жарова) истото во целост го призна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)