пресуда (имн.) - ќе (чест.)

Ете, одберете си сами наслов на делото што, во името на народот, како пресуда ќе го добие во институција која живее од таквите, „понављачи“ на испитот: „издржи до крај, или до смрт“ и како срамен крст ќе го понесе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа пресуда може да ја донесе и претседателот на советот, уште во текот на подготвувањето на главната расправа (чл. 264, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, ако вредноста на предметот на спорот надминува 1.000.000 денари, полномошник на правно лице може да биде лице кое е дипломиран правник со положен правосуден испит и кое е во работен однос со правното лице (чл. 82, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во образложението на овој вид пресуда ќе се изнесат само причините што го оправдуваат донесу- вањето на ваквата пресуда (чл. 327, ст. 5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3.  Процесноправниот институтот „конфесионална пресуда“ кај нас е регулиран во чл. 317 од ЗПП (2005), под називот пресуда врз основа на признание.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како да се успокои! Извршувањето на пресудата ќе дојде така обично како што доаѓаат денот и ноќта.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Им се сторило дека немо се простува од нив, меѓутоа се оддалечувал со тешки и паднати раменици, со напор на измачен осуденик што сепак во определен час според непроменлива пресуда ќе стаса на губилиште со бесилка или со куки за бесење, за патување кон вечниот мрак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја извадил од појас кубурата и му ја подал на Арсо Арнаутче, го одбрал за свој заменик (се случува, не е под панцир на челик и на чинки), доколку другите тоа можеле да го разберат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)