претпријатие (имн.) - и (сврз.)

На времето, на трудбениците кога ќе наполнеа десет години стаж во кое и да е претпријатие им подаруваа рачен часовник со изгравирана благодарност за несебичното залагање и личниот придонес кон напредокот на претпријатието и на државата.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Но, исто така, на опишаниов судски спор, му следеше уште еден, во 1998-та – за враќање работник на работа кој, пак, беше споен со него (П.бр. 1572/98).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Покрај овој контроверзен закон, оваа сензитивна сфера беше уредена и со множество други, мошне комплицирани, закони: Законот за промет и располагање со општествениот капитал (Сл. лист на СФРЈ – 84/89, 46/90); Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште (Сл. весник 240 на РМ – 19/96, 25/99, 81/99, 48/00 ПТ);
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие два „споредни случаи“ не се предмет на оваа анализа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа значеше дека работникот е во пасива кај претпријатието и дека си ја изел својата заработка преку тој месец.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој Трифун, Баџата, во тоа време, бараше начин зета си во Скопје да го протне за директор на некое претпријатие и сега ни наговорува мене и на Сврделот некако да му помогнеме.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тука имало повеќе претпријатија и установи што им припаѓале на европските земји.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Законот за јавните претпријатија е донесен во 1996 година 1 и има претрпено пет измени и дополнувања, во 2002, 2003, 2006, 2007 и 2009. 2 Во поглед на правата од работен однос со овој закон е регулирано остварувањето на правото на штрајк во јавните претпријатија како и основањето на Совет на вработените во јавните претпријатија и учеството на претставници на работниците во Управниот одбор на претпријатието.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
ЗИДЗРО (1997) ја ограничи обврската за јавно огласување само кај јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, државен орган или орган на општината, односно градот Скопје (чл. 3, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така, тие можат да бидат работно ангажирани за извршување на јавни работи до пет дена во месецот, како и за извршување на сезонски работи и други повремени работи од страна на градоначалникот на единицата на локалната самоуправа, јавните претпријатија и јавните установи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)