претпријатие (имн.) - или (сврз.)

Во однос на материјалната одговорност се предвиде дека вработените со статус на даватели на јавни услуги кои на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност ќе предизвикаат 107 Согласно чл. 37-с од ЗЈП, дисцпилнската неуредност претставува полесна повреда на работната дисциплина, работните задачи, угледот на јавното претпријатие или на вработениот, додека пак дисциплинскиот престап се дефинира како потешка повреда на службената должност, работната дисциплина, угледот на јавното претпријатие или угледот на вработениот во јавното претпријатие. 109 штета на јавното претпријатие, ќе одговараат за настанатата штета и ќе бидат должни да ја надоместат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Концентрација настанува со промена на контролата на долгорочна основа, а како резултат на: 1) спојување на две или повеќе претходно независни претпријатија или делови од претпријатија; или 2) стекнување на директна или индиректна контрола на целото или делови од едно или повеќе други претпријатија од: – едно или повеќе лица кои веќе контролираат најмалку едно претпријатие или – едно или повеќе претпријатија, преку купување на ХОВ или имот, со договор или на друг начин пропишан со закон (чл. 12, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата за одлучување по прекршок, на претпријатието, односно здружението на претпријатија, со решение ќе му изрече глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка, ако: 1) склучи забранет договор или на друг начин учествува во договор, одлука или усогласено однесување со кои се нарушува конкуренцијата...; 2) стори злоупотреба на доми- нантна позиција... (чл. 59, ст.1, ал.1-2 од ЗЗК). 3.  Со договорот за друштвото [со ограничена одговорност] може да се определи сите или одделни содружници [а не ‘вработе- ни’!] да се обврзат да дадат дополнителни доплати над износот на влогот само кога е тоа потребно за покривање на загубите или за привремена неопходна потреба од парични средства (чл. 191, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во него беше предвидено да се применуваат одредбите од член 135 до член 137 (одредби во кои беше регулирано усогласувањето на интересите и заштитата при отпуштањето од работа, судските реше- нија што се однесуваат на заштитата од отпуштање од работа и туж- бите поднесени од страна на вработен), без разлика дали економските, технолошките, структуралните и другите слични промени, како и усогласувањето на интересите или барањето за донесување социјален план без спроведување на претходните постапки се преземени дури по продажбата на должниковото претпријатие или дури по продаж- бата на некој негов дел.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Забранета е секоја злоупотреба на доминантната позиција од едно или повеќе претпријатија на релевантниот пазар или негов суштински дел (чл. 11, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Евиденцијата на невработеното лице престанува да се води ако лицето: – се одјави; – заснова работен однос; – основа трговско друштво, претпријатие или друго правно лице; – врши занаетчиска, односно професионална дејност; – потполно ја загуби работната способност; – исполни услови за пензија; – отпочне да издржува казна затвор подолга од шест месеци; – не се пријави во утврдениот рок или не се јави на покана од Агенцијата од неоправ- дани причини; – не ја извести Агенцијата за промените што влијаат на стекнувањето и губењето на правата; – на странец му престане одобрението за постојан престој; – отпочне да врши земјоделска, сточарска или друга дејност; – од страна на инспекциски орган се затекне да работи спротивно на законот; – замине на отслужување или дослужување на воениот рок; – одбие работно ангажирање за вршење на јавни работи; – работно се ангажира на јавни работи над 30 дена, за времето на ангажирање во јавните работи; и – работно е ангажирано или врши дејност (чл. 59, ст.1 од ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како невработено лице не се смета лице: – во работен однос; – корисник на пензија; – врши- тел на занаетчиска, односно професионална дејност; – сопственик или основач на трговско друштво, претпријатие и друго правно 70 лице; – вршител на земјоделска, сточарска или друга дејност; – кое не прифаќа обука, преквалификација или доквалификација на која ќе го упати Агенцијата или одбие да се јави или одбие да заснова работен однос кај работодавецот кај кого го упатила АВРМ; – кое работно е ангажирано или врши дејност, спротивно на закон (чл. 54, ЗВОСН).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на 234 Собранието на РМ, претседателот и членовите на Комисијата за заштита на конкуренцијата ги именува и разрешува Собранието на РМ, за период од пет години со право на повторно именување (чл. 27, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)