претчувство (имн.) - за (предл.)

Често се будев ноќе испотен од претчувството за последиците од текот на нештата во кои влеговме неколкумина од Центарот и уште многумина други соработници однадвор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Некако имам претчувство за надоместок од отсуство на татко.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сиот тој ден, со мали напливи на возбуда, мислата му се враќаше на претчувството за стравотниот пораз во Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште еден таков удар од полн замав пак по голото теме, колку неразбирлив толку и ненужен, и Орлен Шумков со споулавеност во шашливите очи и наведнат над последниот труп можел да објави дека на дружината ѝ е отворен патот кон нови ужаси и кобнички претчувства за невидени зла на копучкиот никаков живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се занишал, застанал, чиниш му било речено да го дочека без вртење ударот на тешкиот кундак што му паднал врз теме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)