пречка (имн.) - за (предл.)

„При остварувањето на слободата на вашиот природен дух, некои проблеми ви се нанесени од живите суштества околу вас, некои од природните непогодности а некои од умот. Првите два полесно се надминуваат, но третиот: управувањето со сопствениот ум, е најголемата пречка за воспоставување на ред во вашиот систем“
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Суштеството беше слабо, испиено од неможноста духовно да се развива, изнемоштено од притисокот на лошите етикети, себеосудувањата, кои што преставуваа пречки за растеж.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
За таа разлика во однос на законот од 2003 година што кај оваа одредба го нема неисполнувањето на обврските како законска пречка за остварување на правата утврдени со овој закон. 126
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А кога оргазмот е невозможен, тоа значи дека постои органско пореметување (со васкуларно, нервно или ендокрино потекло) што не е предмет на психоаналитичкото истражување, (но може да биде предмет на психосоматско истражување), или тоа значи дека оргазмот заради психички причини е невозможен без соматска подлога, и тогаш психичката сексуалност се сфаќа како пречка за организмичкото празнење.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Една од најголемите пречки за запознавање на шизофреничарот претставува неговата чиста недофатливост: настраност, бизарност, опскурност во сѐ негово што може да се забележи. За ова постојат многу причини.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Недоставувањето на податоците за сметката од страна на жалителот не претставува пречка за извршување на решението.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Жалителот е должен податоците да ги достави во 44 рок од пет дена од денот на приемот на барањето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)