приврзаник (имн.) - во (предл.)

Со тоа на Велика Британија ѝ се дала можност да дејствува во помагањето на своите приврзаници во Југославија со цел истерување на Германците, а едновремено да обезбеди и сили кои по војната ќе го гарантираат нејзиното присуство во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
По искуството што го имале на европската почва по завршувањето на Првата светска војна и неуспехот на политиката на Вилсон со неговите „Четиринаесет точки“, САД се повлекле во изолационизам*, кој во почетокот на Втората светска војна сѐ уште имал свои приврзаници во САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првите контакти со штабот на Дража Михајловиќ Британската известителна служба од Каиро ги воспоставила во почетокот на септември 1941 година.24 Со тоа на Велика Британија ѝ било овозможено да дејствува во помагањето на своите приврзаници во Југославија со цел истерување на Германците, а едновремено да обезбеди и сили кои по војната ќе го гарантираат нејзиното присуство во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Се чинеше дека оваа обична игра со карти, но со многу приврзаници во светот, како да им служеше да си проверат нешто длабоко и значајно во нивните сложени, страдалнички, но достоинствени личности, небаре се во потрага по сјајот на истечените времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)