приговор (имн.) - дека (сврз.)

Биле принудени од новата религиска заедница, која освен Евреи опфаќала Египќани, Грци, Сиријци, Римјани, а најнакрај и Германи, да слушаат приговор дека го убиле Бог.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сега ќе треба да одговориме на приговорот дека не умесно и е несвоевремено да ги одделуваме нашите интереси од општобугарските, зашто, од една страна, силата била во соединувањето, а од друга, Бугарија направила толку жртви за нашето ослободување и ќе направела и за напред.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Нескратен, тој приговор би гласел: ‘Тие не сакаат да се помират со тоа дека го убиле Бога, додека ние тоа го признаваме и така сме исчистени од вината.’ Тогаш е лесно да се увиди колку вистина се крие зад тој приговор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)