прилив (имн.) - и (сврз.)

Со оглед на чудните пресврти по пропаста на Отоманската империја, од Салоник кон Монастир се случувал прилив и одлив на сефардско население во миграции предивикани од воените плими и осеки на новиот 20 век најавен со воени случувања на Балканот, а потоа и со две големи војни што пламнаа низ целиот свет, а особено силно се разгоруваа на територијата помеѓу двата града.  Елеазар бен Цви, значи, ги знае сите факти од животот на монастирлиите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се сеќавам и на месечината и водата, за нивниот прилив и одлив во нас.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прилив и одлив, така тоа го нарекуваа Круме Волнаровски и Стево Трајчов, кои го водеа привремениот престој на жените.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дотекот што го регулираше и го контролираше Ниротакис, кај Авни беше истек (прилив и одлив, така тоа го нарекуваа Круме Волнаровски и Стево Трајчов кои го водеа привремениот престој на жените).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)