пример (имн.) - со (предл.)

Останатите работници, кои исто така ги добија судските спорови, продолжија да работат во „Алумина“ АД сѐ до навршувањето на 40-годишниот работен стаж. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот со Анчевски може да делува охрабрувачки врз останатите работници на кои им се прекршени работничките права, а се колебаат дали да покренат тужба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ќе го земам примерот со МТВ. Како единствен јавен ТВ-медиум, за оваа куќа постои распространето мислење дека е херметична и конзервативна, и дека опстојува како полумртва институција.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Некои научници, како што е примерот со Theodore Savory, го дефинираа преведувањето како „уметност“; некои, како Ерик Јакобсен, го дефинираа како „вештина“ „занает“; додека други, веројатно прифаќајќи поразумно решение, го преземаа терминот “наука” од Германците.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Има ли подобро од тоа да си еднаков на пример со еден генерал?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Против неа можеш да се бунтуваш само со тајна непослушност или, најмногу, со поединечни чинови на насилство, како на пример со нечие убиство, или со кревање во воздух на некој објект.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу подобра е ситуацијата во оние примери со јасна симболика (Човекот од снег) каде, како кај Чапек, стапките во снегот наеднаш исчезнуваат.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Разбира се, професорската елита требаше да го следи примерот со форсирање на соодветен имиџ. Хе, хе, ова беше забавно.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ова ми треба за конечно да ме земете сериозно. Ако сме доволно концентрирани, да почнеме. На пример со вашите книги.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Таков е примерот со рибата лосос и со јагулата кои по мрестењето умираат; па и трутот кој со свадбениот лет умира, како и многу други видови скакулци и пајаци кои по оплодувањето угинуваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)