принцип (имн.) - кој (зам.)

Дерида исто така се обидува да го открие принципот зад феномените што ги прави нив такви какви што се, принцип кој многу не се разликува од суштината на нештата во традиционалните системи. 70 Margina #11-12 [1994] | okno.mk Една друга тенденција во поранешната мисла која исто така постои кај Дерида е залагањето за реформа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дел од таа задача подразбира убедување на што е можно повеќе луѓе за исправноста и важноста на нивната кауза.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Посебен, поинаков и посамосвоен облик на театар претставуваа различните форми на наслојување на повеќе поединечни, самостојни дела поврзани со некој заеднички елемент на структурата (најчесто со ритмот).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според него, исто така, потребно е преземање на посебен напор за да се изложи реалноста, и специјален тренинг во методолошките суптилности пред да може некој да ја согледа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само еден духовен принцип кој одговара на човековите потреби за идентификување може да ги исцели раните предизвикани од дехуманизираните глобални економии и политики.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За Ренан - ако е точно дека човекот самиот себеси никогаш не си е во целост присутен и дека тој расчекор ги втемелува науките за човекот - во мислењето сепак сепак не треба да се види резултантата или простото продолжување на несвесното во кое тоа е нурнато: “Да не го напуштаме оној основен принцип кој ни вели дека човекот е разумно и морално битие повеќе отколку суштество затворено во овој или оној јазик, припадник на оваа или онаа раса, член на оваа или онаа култура”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Она за што овде ќе стане збор нема за цел популарното да го препознае како прост ефект на задоволство, туку да ги вклучи во игра и различните ефекти од овој принцип кои настануваат поради константното појавување на потиснатото, она што, според Фројд, „работи отаде принципот на задоволство“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тоа што треба да се подвлече дека задоволството не лежи во традиционалното естетско уживање туку во алертноста на пријатноста да се препознаваат значења што таа пријатност можат да ја потврдат, но и да ја подријат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вие ваква обединувачка тишина откривате прикажана и во Татковите книги, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Значи, ова постоење на душата, би било недоволно да се рече дека вие имате потреба да верувате во неа зашто тоа што го изразувате во вашите текстови е повеќе од верување, тоа е повеќе убедување, произлезено од едно искуство, толку многу ви е близок дијалогот со еден духовен принцип кој преживува по принудното напуштање на една татковина, како и на еден духовен прекин со сушествата и предметите околу кои е конструиран вашиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Всушност, не е мој обичај јасно да формулирам едно конструирано гледиште врз непостојани впечатоци како оние кои ми се наложуваат од читањето на вашите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Американскиот принцип кој во голем број случаи вели дека ако нешто е добро ионака ќе се продаде, што значи дека нема потреба од негово посебно финансирање, има (искривена) логика, но само ја потврдува тезата од почетокот дека е поважен производот од вредноста, односно дека не е можно сите вредности да се изразат со пари.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)