пристигнување (имн.) - во (предл.)

Веднаш, уште вториот ден по пристигнувањето во Сиетл, отидовме во канадскиот конзулат да побараме визи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
108 Со пристигнувањето во с. Фуштани била постигната целта на маршот: обединување на Првата македонско-косовска ударна бригада со единиците на Третата оперативна зона при што била создадена прилично силна група од 8 баталјони (3 баталјони на Третата оперативна зона109 и 5 на баталјони на бригадата).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
А исто така и при престојот во Србија од некои кругови му била предочена литературата во која Македонија се третира како дел од „Јужна Србија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во репортажата, под наслов „По илјада години слободна Македонија“, тој ја запознава американската јавност со информации од „прва рака“, во кои, иако имаат историски неточности, објективно ги претставува настаните во Македонија, и покрај фактот, како што истакнува М. Вестерн, што пред пристигнувањето во Македонија, за време на престојот во Грција, во разговорите со тамошните официјални личности, постојано му било повторувано дека „Македонците се Грци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Пристигнувањето на Меклин значело коренита промена во британскиот став во однос на НОВ и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По неуспехот да воспостават контакт со четничкиот штаб во Поречито, а тоа до средината на 1943 година било во рамките на официјалната британските политика за помагање на четниците на Дража Михаиловиќ и игнорирање на единиците на НОВ и ПО на Македонија, од септември 1943 година настапила промена на таа политика, главно поради пристигнувањето во Врховниот штаб на НОВ и ПО на Југославија на британскиот офицер, бригадирот Фицрој Меклин, личен пријател на британскиот премиер Винстон Черчил.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)