притисок (имн.) - или (сврз.)

Потоа, сопственикот како тужена странка, пред судот повика и двајца сведоци кои во тој момент беа вработени во неговата компанија, но овој пат тоа беа постари работници кои беа пријавени во АВРМ и беа на повисоки надзорни позиции – кои под притисок или можеби и со согласност, бидејќи се директно зависни од сопственикот за својата материјална состојба, сведочат против младиот Јакшиќ кој критичниот и кобен ден кога се случи несреќата, во име на пожртвуваноста за доброто на фирмата, а со цел „работата да не трпи“, изгуби најмногу од сите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа дозволува многу, ослободува неограничено и дава шанса секој да се најде себе си вистински, без социјален притисок или какво било друго оптоварување.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ова е толку симптоматично, што сосема е чудно како судијката (В. Каловска како претседател на советот) го вреднуваше овој факт како веродостоен и му поклони безрезервна верба, кога оди далеку од секоја нормална логика.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)