проблем (имн.) - воопшто (прил.)

Кога ќе сфатиме дека “со своето прифаќање или одбивање го расипуваме единството на нештата”, јасно се открива дека проблемот воопшто не е во светот кој нѐ опкружува (нештата во него се само она што се), туку во нашето секогаш смалено и лично обоено гледање кое нѐ изобличува и отуѓува од себе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како да осудуваш или да оправдуваш една врска во чии проблеми воопшто не си упатен?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изземајќи го случајот на еден медиски ексцес кога јавното обвинување за наводна соработка со Службата за државна безбедност на бивша Југославија на најпримитивен начин беше искористено во тековните политички пресметки, изгледа дека кај нас тој проблем воопшто не постои.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Улпијан (Domitius Ulpianus / II–III век) Бидејќи работничките проблеми воопшто не се нови, токму затоа правните корени на оваа дисциплина со доста практични консеквенци – а со тоа и на самите работни спорови кои произ- легуваат од специфичниот трудовоправен однос, внимателниот истражувач, без поголеми тешкотии, може да ги лоцира во бо- гатата ризница на Римското приватно право и подоцнежната негова рецепција во речиси сите европски национални правни поредоци – кое, за разлика од македонското, беше составувано низ „ситото и решетото“ на многумина разборити и доблесни правници, кои им одржаа вистинска лекција по право на сите антички, средновековни и современи народи...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)