продор (имн.) - во (предл.)

Во мај 1942 година задачата за продор во Македонија им била доверена на тројца членови од организацијата на Дража Михајловиќ на чело со резервниот поднаредник Миливоје Трбиќ-Војче со овластување да формира дражиќевски организации во Велешко, Прилепско, Кичевско и во Порече.52 Определените претставници пристигнале во Македонија во текот на август 1942 година53 и својата дејност ја развиле главно од два пункта: Скопје (Скопска Црна Гора - Куманово) и Порече (Велешко и Прилепско).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Но вистинскиот надреализам, okno.mk 105 изворното нешто што беше креирано од генијалните визионери, прави продор во несвесното, може да допре под кожата и посегнува по одредени недофатливи работи длабоко во вас и ве прави да почувствувате необични, несекојдневни, екстраординарни емоции”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Си реков: тагата е оној силен продор во сетилата што сите нас, присутниве, нè влева во истомислечка маса.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Навика продор во туѓ брак “, цинично настојуваше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Треба да направиме продор во Албанија и да дојдеме до Корча... а потоа со преговори ќе остапиме од Корча, но со тоа не само што ќе го задржиме Свети Наум, туку ќе го задржиме и селото Лин кое неприродно е вклучено во Албанија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)