прозорец (имн.) - во (предл.)

Славој Жижек тврди дека посматрањето конотира моќ, но и (врз примерот на Хичкоковите филмови како Прозорец во двор) упатува на посматрачот како на суштински неподвижен и немоќен сведок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Набљудувачот е пасивен и немоќен затоа што „неговата желба е скината, поделена меѓу фасцинацијата од уживањето и одвратноста кон него“. 9
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Од под црницата се чу тивок глас: - Тетко, тетко, отвори! Прозорецот се отвори.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Застана под прозорецот во мракот под една стара црница.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога пак Јаков ќе заминеше, таа не можеше да заспие и ги впиваше во ноздрите, исцрпена од дивата љубов, мошусните мириси што во нејзината постела ги оставаше неговото жилаво темнокожо тело и кои одново ја преплавуваа и до болка ѝ го јакнеа копнежот по него.  Утрото го обои прозорецот во румено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како раритет, во Бриж ни го покажаа и најмалиот прозорец во градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Далечниот Пелистер одвај се оцртува, нежно, бледолилав, крушовските планини, таму кај што заоѓа сонцето, ги прекрива просто една трепетна виолетна завеса, сенките наваму стануваат сѐ поизразити и позатворени, се гледа секое прозорче во градот, во кој се издига на безбројно места темното зеленило на тополите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Раѓањето на кубизмот кој ја распарчи ренесансната слика - прозорец во илјадници стакленца од односни сетилни реалности - се случи практично истовремено со Einstein-овата формулација E=MS2 од 1905 година.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Излегува низ прозорецот во празнотијата...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го вратив погледот не внатре ами надвор, но отаде прозорците во мракот ништо не се гледаше, дури ни некое затулено светло на џебна батерија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Како пример за филмот, конструирал посебен екран, направен од транслуцентно стакло, слично на она кое се употребува за изработка на прозорци во бањите, со сребрена рефлектирачка фолија на заднината.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Прозорците во белата соба, во која имаше две столчиња и едно масиче, беа високи.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Од фрлениот камен прсна едно прозорче во малата, плашливо згрчена куќарка покриена со трева преку црвено-црните керамиди.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Гледав низ прозорецот во бледото прано небо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега се отвори мало прозорче во хаосот на неговата мисла и таа дозволи танка линија светлина да му навлезе во мислата и тоа предизвика да се сети на отворениот театар што го градеше тој.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ќе го наместам будилникот за шест за да можам во седум да го фатам автобусот Сенди, зашто автобусот Б’рнсајд таму многу доцна пристига.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сем Хант ги проверува картичките.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Немој да доцниш, зашто ти се одбиваат Џебови, и така ти се насобира.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ќе седам на масата покрај прозорецот во кујната и ќе го гледам сонцето како заоѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Онаа што го љубеше стоеше покрај прозорецот во кујната, со колковите залепена за топлиот радијатор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Потоа повторно се вратија на старчето што стоеше пред него и се сретнаа со неговите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Полека отпиваше мали голтки од првото кафе и ги гледаше ретките снегулки надвор.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За миг запреа на масата и на столчето, наместени спроти единственото прозорче во колибата, прошетаа по неуредните купчиња папирус, по наострениот пердув, по мастилницата и по столчето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега можеше уште само да стои увиснат на прозорецот во одајчето, откако ја затвори зад себе вратата, без да фрли ни еден поглед назад, а пред него снегот продолжуваше неподносливо трпеливо и вртоглаво да го ткае својот превез под паднатото небо, безизразно и морничаво празно.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ја следеше, но ништо не можеше да открие; и сè така до еден дождлив ден: тој ден тураше дожд како потоп да се приготвуваше; гледаше Цанул низ прозорецот во дождот и не се осмелуваше да излезе надвор да ја побара Цанулица: пушташе глава низ вратата и пак ја тргаше.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беше тоа единствениот подотворен прозорец во градот. Барем нејзе така ѝ се чинеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Само  човек, човек слушаше, а човек никаде немаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа брзо го вовлекува внатре.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој внимателно ја седнува спроти прозорецот во полупрофил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Парчето хартија со кое е залепен прозорецот во ќошето каде што е потскршен, се надува на ветерчето и спласнува и се чини тоа е некое животинче што дише, што збивта тешко слично на лилјак или буф.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој се така гледа низ прозорецот во пејзажите, во бандерите што јурат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Гледа низ прозорецот во снежната белина која како да го закрепнува, како да му дава сила.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Пред да рипне низ прозорецот во невеселата трева, се сети: „Речете му на вашиот млад колега дека брзо ќе му го вратам долгот. Со камата. Збогум.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Понекогаш ќе се заклучеа во соба со сестрите и ќе си читаа тивко, ќе се кикотеа, воздивнуваа...откога ќе останеше сама, Томаица ќе си пуштеше музика на грамофонот и долго си лежеше во креветот, во темница, гледајќи низ прозорецот во ѕвезденото небо, препуштајќи ја нејзината романтична душа на нежните крилја на мечтите за голема Љубов.... ***
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Потоа Камилски се одреди и за терминологијата и на следните зборови: темел, основата на една градба (од турски temel), кој се јавува мошне рано и во писмените текстови и не е исклучено да преминал и директно од грчкиот; кат, спрат (од турски kat); таван, плафон, поткровен простор (од турски tavan).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски како значајни ги избра и заемките: мушабак, вид дрвена решетка што се ставала од надворешната страна на прозорците во муслиманските куќи (од арапски muabak); ќепенок, дрвен капак со кој се затворале дуќаните, а дење служел како тезга или излог (од турски kepenk); мазгал, мал тесен отвор на тврдина, а подоцна и прозорче по апсаните и магазите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Барем една четвртина од стаклата на прозорците во улицата беа искршени и заменети со картони.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одблесоците на молњите што влетуваа низ прозорците во лабораторијата, правеа рендгенски снимки на предметите и го набиваа воздухот со електрицитет кој делуваше стимулативно и на Мил и на синтезата што требаше да го забрза процесот на создавањето на живата материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И сеедно колку небулозно и лудо да звучи, се соочуваме со два факта, што несомнено важат: просечниот Американец минува седум часа дневно, така што се ѕвери низ прозорецот во “електроносферата”, и 600 000 деца за минатиот Божиќ ги употребуваа ракавиците за да ги пикнат рацете низ тој прозорец.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Полковниците возменирени од грмежите и од она што се случи со Наќо, не можеа да заспијат; гледаа низ прозорците во езерото, кое кога ќе светнеше, се чинеше дека се потпалува, гори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И само шушлакот шуми во тишината на зимата шушти легајќи по сувите лисја како да иде од некое друго време што повторно ќе попаѓа по тревата пресушена по виделото што се повлекува зад прозорците во топлината на пролетта.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
II. Мислам, ова топло сонце пробива низ прозорецот во мојата празна соба – сега, токму сега еден зрак заигрува по масата, по испишаните и празни листови хартија што лежат по масата, потоа се одбива до нерасцутената роза во шарената вазничка за цвеќе, а ние оддалечени стотици, илјадници метри од тој зрак, го сеќаваме неговото скокоткање во брчките околу окото.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Низ скршениот прозорец во собата влетува празно шише.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се качувавме на липата во дворот, шуштевме како сколовранци низ лисјата и ѕиркавме низ прозорците во училницата.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Од прозорецот во даскалницата можеше да се види горниот крај од црквата до авлијата на она место каде што ѕидот беше урнат и луѓето и ние го користевме како премин.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Над неа имаше две мали прозорчиња во облик на срце, едното со розова рамка, другото со сина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Си доаѓам на себе. Утро е, сонцето влегува низ прозорецот во одајата, лази врз веленцето и влакненцата светкаат со најразлични бои.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)