производство (имн.) - или (сврз.)

Колку за илустрација, ќерката на еден поранешен синдикален лидер се фалеше дека од парите кои нејзиниот татко и ги давал како „џепарлак“, а таа педантно си ги собирала – подоцна си купила стан во Скопје!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По оваа работничка голгота, се чинеше дека доаѓаат подоб­ ри времиња кога за оваа веќе пропадната фабрика се најде 249 заинтересиран странски инвеститор2 од Австрија [всушност, тоа беше наш македонски гастарбајтер од Виена кој имаше велешко потекло и – дали поради носталгијата, навидум, сериозно беше „загреан“ и сакаше да вложи во рестартирањето на фабриката].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, новиот „инвеститор“, кој веднаш си најде свои полтронски соработници меѓу поранешните раководни структури, само ги испразни фабричките магацини од робата којашто вредеше милиони евра, а не даде ниту денар за осовременување на производството или, пак, негово зголемување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разликата меѓу нивната ситуација и нашата е дека во принцип никој сега не ја сака револуцијата што ја имаа на ум; ниту веќе некој сака да ги национализира средствата за производство или да ја укине приватната сопственост.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На долгата маса, продолжена со уште три комшиски, и столчиња „шест плус шест“, на кои имаше ставено везени перничиња, сите изработени во домашно производство или „хенд мејд“, зашто мајка ѝ беше убедена дека за ракотворбите надалеку ќе се зборува, беше поставено послужувањето, кое и самото беше приказна за себе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако некаква аристократија на вкусот можеби претставува елита, таа се разликува од традиционалните аристократии по тоа што не се воспоставува ниту врз основа на општествената моќ ниту врз основа на економската моќ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Барем начелно, таа е отворена за сите. ‌„Да се биде познавач“, објаснува Бартлет, „е да се биде припадник на елита – не нужно елита на богатите, но секогаш близу до неа барем во смисла на инспирација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе не можеме да се правиме аристократи; но пресудната поента е дека, сепак, се гледаме себеси како некако над светот на производството или како одвоени од него, како некои што имаат дозвола да си играат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
1. Со ЗРО (1993) се избриша изречната одредба на ЗРО на СРМ (1990) која, кај општите услови за вработување, прецизираше дека корисник на лична пензија не може да заснова работен однос (чл. 3, ЗРО/90); а, исто така, беше избришана и одредбата која предвидуваше заштита на работодавачот од т.н. нелојална конкуренција којашто би се предизвикала ако работник, кој има посебни знаења од областа на технологијата и производството или, пак, ако располага со извесна деловна тајна, истовремено, би работел и во друга организација (чл. 4, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)