пропаганда (имн.) - против (предл.)

Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој смета дека казнувањето на наркоманите во американските градови едноставно создава примамлив и опасен пазар кој се шири и вон границите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И не само што албанскиот диктатор одби, туку придонесе во целиот сталинистички период да се засили масовна пропаганда против личноста и делото на Фаик Коница, кој заедно со Фан Ноли, беа според многумина најголемите умови во албанската историја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сѐ построго станва, има страшна пропаганда против употреба на македонскио јазик со закани, апсења, протерувања.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега бев двојно столчена, еднаш од предавството на Борко во животот кон мене, зашто никогаш не беше ми кажал за таа своја тајна, а сега и од неможноста да го објаснам апсењето на Симона, под обвинение, јасно, за ширење на лажни вести и непријателска пропаганда против државата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)