простор (имн.) - наоколу (прил.)

Му иде да викне, да свирне колку што може, како што тоа го правеше кога беше дете и кога ќе се качеше на нешто високо: дрво, карпа, покрив, брег; да викне и да го разлее гласот на сите страни и сиот простор наоколу да го исполни со својот глас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
За час или час и половина, целиот простор наоколу беше полн со народ.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
3 Направив неколку нацрти за тоа како ќе изгледа бунарот однадвор, каков капак ќе има, место сегашниот привремен, каков покрив и со какви керамиди, како ќе изгледа просторот наоколу.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во секој случај, над бунарот еден багрем ќе биде посаден, а сиот простор наоколу ќе биде парк со клупи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Целиот простор наоколу беше полуосветлен полумрачен, а во сниските, повеќето двокатни куќи, со спуштени ролетни, како никој да не живееше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еден ненадеен, не многу силен налет на ветрот, ги разниша блиските буки, го потисна удолу чадот што пред тоа се вишеше над колибата, го зачади просторот наоколу, се вовре и во носот на момчето, донесувајќи му искрена веселост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега, сосема будна, вратена во стварноста, уште еднаш се загледав по искршениот светло-темен простор наоколу, а потоа тргнав назад во куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Куќата на водарот со изгорени греди стрчеше кон небото, а просторот наоколу неподнесливо штипеше во носот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Патот до границата е стрмен: наместа оди низ тунели од густо борово зеленило, потоа низ чисти ледини презаситени со опојни мириси од секакви билки и цвеќиња, потоа патот слегува надолу во планинските усеци низ кои шумолат планински потоци, и пак се крева нагоре по голиот планински стр од каде што се открива прекрасен видик на сиот простор наоколу.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)