просторија (имн.) - за (предл.)

На бојното поле, во просторијата за мачење, на бродот што тоне, целите за кои се бориш секогаш се забораваат, затоа што телото се надувува додека да го исполни универзумот; па дури и во моментите кога човек не е парализиран од страв, или кога не вреска од болка, животот е борба од момент до момент против гладот, или студот, или бессоницата, против вознемирениот стомак или болката во забот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Два члена на кинеската делегација, помладиот повисок, обајцата во „маовки“, се симнуваат по скалите од првиот кат (простории за состаноци).
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Секогаш кога влегувам во просторијата за сослушување иследникот стои пред прозорецот со грб свртен кон вратата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Одвај се качи по неа, а потоа мачно и веднаш се симна, брзајќи да одговори на моето прашање: „Каде е просторијата за социјален надомест?“
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Иследникот ја вади левата рака од џебот, но не се свртува кон мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дежурниот службеник во просторијата за посети ѝ покажа на Деница дека треба да влезе во кабината број 9. Таму веќе седеше Круме Волнаровски.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Масата на која ги пишувам изјавите повеќе е осветлена од претходната ноќ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Магазините, особено големите стоковни куќи прават специјални продажни простории за карневалски реквизити и тоа се рекламира.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)