професор (имн.) - во (предл.)

116. Хрватот Ватрослав Јагиќ (1838-1923) му беше исто така професор во Русија, на кого и подоцна му испраќа свои сепарати.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
124. Охриѓанецот Маргарит Димица (1824-1903) е еден од истакнатите приврзаници на грчката националистичка пропаганда во Македонија, а во своето научно дело, како универзитетски професор во Атина, се определува исто така само за старата македонска историја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во болницата „Фош“ работи и д-р Жерар Гио, професор во Колеџот на медицина по неврохирургија на париските болници, еден од светски познатите лекари и научници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Љубеше на гостите да им го прелистува албумот со фотографии на нејзините најблиски, одејќи наназад сè до најдалечното колено за кое знаеше нешто, до прадедото, гимназиски професор во Москополе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Редарите на служба или професорите во улога на редари се движат и по ширина и по должина на салата и им се закануваат на учениците - гледачи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Главни личности на оваа контрареволуционерна “партија“ биле: Васил К'нчов, началник во Училишниот оддел при Егзархијата во Цариград, М.К. Сарафов, директор на двете егзархиски гимназии во Солун, инаку бивш министер во бугарската влада, Иван Гарванов, професор во Егзархиската гимназија во Солун, и други.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Коцев, образован човек (бил професор во Егзархиската гимназија) и познавач на политиката: “...слушам грмежи. Погледнам и, што да видам?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Најумешен начин за да се продлабочи уште малку амбисот на недоразбирањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кутрата, не знаеше дека така се однесувавме и со нашите професори во училиштето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека другите деца кришум ги запушуваа своите први цигари и се собираа со ококорени очи да гледаат голи женски тела низ цепнатинките што ги одвојуваа јавните бањи од останатиот јавен живот на Жешов, неговиот живот се сведуваше на дисциплина, на учење и на почит.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кон крајот на дваесеттиот век, група млади научници и универзитетски професори во Скопје, главниот град на новата независна Република Македонија создадена по распадот на Југославија, ја обновија свеста за спасувањето на балканските јагули во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)