прошка (имн.) - за (предл.)

Не верувам дека може да има прошка за мене, мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бев готова и да ползам за да ја оправдам својата невиност, да ми прости за нешто за кое што немаше што да се простува. Да барам прошка за вина која ја немав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)