прст (имн.) - ја (зам.)

Секој час неговите прсти ја прошаруваат нежно таблата, разузнавајќи ја позицијата што се менува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ додека во него тлее жарче и додека од него се откинува искра и сѐ додека под прстите ја чувствуваш топлата спуза, сѐ дотогаш тоа е дел од животот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Клекнува крај неа и со прстот ја отпревртува. Бубалката стои за миг како да не верува дека е отпревртена, дека е пак на нозе и наеднаш збрзнува кон тревките и се крие.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Зад него долга рака со калливи прсти ја зафаќа одронетата земја и ја влечка назад.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Незабележливо Арсо се придвижува, а по него долгите калливи прсти ја грабаат ископаната земја.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Земјата се сурива, калливите прсти ја гребат, торбичките се полнат и ортомата е пак нишка, оптегната меѓу нив и онаа бела виделина на излезот што единствено потсетува на животот и неговиот ден.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ја издува прашината, со растреперени прсти ја одврза врвцата и на маса почна да реди пожолтени исечоци од весници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не стигнал позорникарот, откако со прст ја притиснал својата десна ноздра, со левата да го повлече половината грстче, кога мртовецот кивнал толку силно, што наполно им ги испрскал очите на сите тројца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од тоа време позорникарите добиле толку голем страв од мртовците, што одбегнувале дури да ги фаќаат и живите, туку само оддалеку подвикнувале: „Еј, ти, гледај си го својот пат!“ – и мртовецот- чиновник почнал да се појавува дури и преку Калинкиниот мост, ширејќи голем страв врз сите плашливи луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и јас сум гранка на брегот од животот што расте па колку да ми се смрзнати и румени и нејаки прстите ја сечам таа одвратна лизгава маска од мов црпејќи сили во споменот на нешто зелено зелено (ДОЖДОВИ)
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)