прст (имн.) - додека (сврз.)

Прво го пипна со прст па почна да го пипа со прсти додека најпосле не го стави меѓу своите пространи дланки.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Патниците се бројат на прсти додека лета возот од исток кон запад, и обратно. Движењето на луѓето е ограничено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нив, бидејќи тие по пазарите не денгубеа, не им беше тешко да нагазат на трагата на Илета Вегов - Брчалото зашто тој, како и сите негови колеги, не беше распознатлив само по облеката, туку и по навиката пред сите нив, па дури и кога ќе требаше да купат една банана, од џебот да извадат туфка банкноти од по еден долар покриена со банкнота од дваесет, педесет, па дури и сто долари и да ја вртат меѓу прсти додека од неа не извадеа банкнота од десет денари за да ја платат бананата.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа вода го полнеше Чочкин Вир каде се капеа овците пред стрижење, а во него сите селски деца што стигнуваа до него се учеа да пливат во прво време држејќи си го носот стиснат со два прста додека не се излезе на другата страна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Дали, додека и зборував, се трудеше да изброи колку пати била излажана?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А Таша си ги броеше прстите додека се обидував да и образложам дека сите нас животот беспоштедно не лажел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)